Изречени 211 казни за еден ден: Низ Скопје се вози брзо, без возачка дозвола и со нерегистрирани возила

March 18, 2023
1 min read

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

– На територија на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла). Изречени се три мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за непочитување на првенство на минување, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Реакции за налогот за апсење на Путин: „Историска одлука“, „секое патување сега е ризик за него“

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата за гаќи „Електра Солушн“ добила и грант од Фондот за иновации за да се преструктуира во бизнисот со градежен надзор

Latest from Blog

Марсиал ќе игра во Мексико за Монтереј

Францускиот интернационалец, Ентони Марсиал, се сели во Мексико. Поточно во тимот на Монтереј, кој што одлучи да го откупи искусниот напаѓач, од тимот на АЕК Атина каде што досега настапуваше. Марсиал во

Фон дер Лајен најави воведување на возрасна граница за користење социјални мрежи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави воведување на возрасна граница за користење на социјалните мрежи. До крајот на годината, тие ќе формираат експертска група која ќе го разгледа најдоброто

Филип Поповски е носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Битола – Универзитетскиот професор д-р Филип Поповски ќе биде носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори во општина Битола. Поповски е вонреден и редовен професор на Техничкиот факултет при
Go toTop