Кој е ликот со прекар ПОКРОВИТЕЛ – ШЕФ НА БАЛКАНСКИОТ НАРКО КЛАН?

January 21, 2026
1 min read

На Youtube каналот „Amazing Europe“ можете да видите листа од десет земји со најголемо присуство на мафијата и организираниот криминал. Иако Италија е генерално првата асоцијација со мафијата, истражувањата покажаа дека Турција е на врвот. Интересно е што Црна Гора го зазеде шестото место. Податоците се базираат на „Глобалниот индекс на организиран криминал“.

Глобалниот индекс на организиран криминал покажува дека Европа е втор најбезбеден континент кога станува збор за заканата од организиран криминал, но некои европски земји сè уште се издвојуваат по присуството и свирепоста на некои моќни криминални групи.

Транскрипти од пораките од апликацијата Скај, која ја користеле криминални групи низ целиот свет, укажуваат на контакти на балканските кланови со доставувачи на дрога од Венецуела, пишува хрватскиот портал „Индекс“. Една од пораките споменува купување три тона кокаин од лице означено како Покровител. Одлуката за набавка на дополнително количество дрога, според истражните досиеја, е донесена под надзор на лицето Радој Звицер, осудениот водач на Кавачкиот клан од Црна Гора.

За потсетување, во врска со случајот „Венецуела“, во 2020 година, холандските власти уапсија 11 црногорски државјани во Аруба, на околу 25 километри од брегот на Венецуела. Пет тони кокаин беа пронајдени на бродот „Ареса“, а судот на тој карипски остров ги осуди членовите на екипажот од девет до 15 години затвор.

Овој случај претставува една од документираните врски меѓу балканските криминални структури и маршрутите што водат низ Венецуела. Години по тој случај, Венецуела се најде повторно во центарот на вниманието. Американското судство го обвинува Мадуро за соработка со неколку криминални организации, вклучувајќи ги мексиканските картели Синалоа и Зетас, колумбиската бунтовничка група ФАРК и венецуелската банда Трен де Арагва.

Во меѓународните истраги, балканските организирани групи „честопати се третираат како поширок конгломерат на мрежи од Црна Гора, Србија, Албанија, Хрватска, БиХ и од Словенија“, па затоа се нарекуваат Балкански картел.

На пример, поранешниот полицаец од Лозница, Мирослав Старчевиќ, беше идентификуван како водач на една група што ја користела Сиера Леоне како центар за складирање и товарење кокаин во контејнери. Таа група е поврзана со Кавачкиот клан од Црна Гора, земја што се смета дека е домицилна за најголемиот балкански наркобос чиј псевдоним е Покровител.

За потсетување, Венецуела е опишана во голем број меѓународни извештаи како транзитна земја за кокаин што пристигнува во Европа од Колумбија и од други земји производители.

Ова го посочува и Глобалната иницијатива за борба против транснационалниот организиран криминал. Според добрите познавачи на оваа проблематика, Балканскиот картел има широка мрежа на соработници, која се протега во над 30 земји, и дека самата организација е голема, строго хиерархиски и пирамидално устроена и оперативно моќна

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Министерството за енергетика не се меша во работата на АД ЕСМ

Следно

Коњановски: Сите улици во Битола се проодни – Сообраќајот се одвива непречено (ВИДЕО)

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop