Шилегов: Конгресот на СДСМ е верификација на нивните неуспешни политики

January 21, 2026
1 min read

Во емисијата „Топ Тема“ на Телма телевизија гостуваше Петре Шилегов, поранешен градоначалник на Скопје и член на СДСМ и во однос на конгресот на СДСМ кој треба да се одржи викендов истакна дека нема да биде присутен, нагласувајќи дека не е делегат и дека неговото отсуство не е суштинскиот проблем, посочувајќи дека во јавноста подолг период се присутни негативни перцепции дека партијата е во пропаѓање, што според него укажува на созреана состојба за сериозни внатрепартиски промени.

„Не сум делегат и нема да бидам присутен на конгресот, и тоа не е големиот проблем жално е кога се прави најавата прочитавте толку квалификации кои се перцепција на јавноста, од тоа дека е партија во пропаѓање, стечајни управители, и тоа е нешто што за жал е присутно во и околу СДСМ во изминатиот период, така што очигледно е дека е создадена и потреба и созреана состојба внатре во СДСМ да дојде до сериозни поместувања, се со цел да овие епитети, атрибути кои што вие ги употребивте, едноставно не бидат врзани кон СДСМ“, рече Шилегов.

Тој оцени дека прашањето дали претстојниот конгрес ќе успее или не е лажна дилема додавајќи дека доколку конгресот се одржи во сегашната поставеност, неговиот успех би значел само потврда на како што рече, погрешните политики водени од дел од раководството на СДСМ во изминатиот период.

„На крајот од денот, темата дали овој конгрес што следи ќе успее или не е лажна дилема, бидејќи вакви какви што се поставеностите за кои ќе разговараме, совршено е небитно дали ќе успее или не тој конгрес, ако успее тоа ќе биде верификација на она што сите го квалификуваме како погрешни политики во определена низа на период од различни луѓе кои се наоѓаат непосредното раководство на СДСМ во изминатиот период“, вели Шилегов.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МАЈКАМИ САКАШЕ ДА БИДЕ ГЛАВНА, МИ ЈА УПРОПАСТИ СВАДБАТА и ме понижи пред сите

Следно

На вашето тело му треба детоксикација после празниците: Без драстични диети и стрес

Latest from Blog

Божиновска: „Македонски рубин“ добива заштита, контрола и систем за препознатливост

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заокружува клучната институционална фаза од процесот на заштита и афирмација на „Македонски рубин“ – од иницијативата покрената во 2025 година, преку изработка на Елаборат

Тоневски: Мала Богородица е празник кој со посебна почит се одбележува во Лесново

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново. Во рамки на празничните

Коњановски: Новата еко училница е пример како училиштата можат да создаваат поинаква средина за учење

Земјоделското училиште „Кузман Шапкарев“ денес го претстави успешно реализираниот проект „Зелена еко училница“, проект поддржан преку програмата „Апшифт“ за подобрување на училишната средина, а реализиран од колективот и учениците. Градоначалникот на Битола
Go toTop