МАЈКАМИ САКАШЕ ДА БИДЕ ГЛАВНА, МИ ЈА УПРОПАСТИ СВАДБАТА и ме понижи пред сите

January 21, 2026
2 mins read

„Наместо за првпат да имам романтичен танц со сопругата, мајка ми ме пречека и танцуваше непристојно со мене“ – обвинува Бруклин Бекам, кој во долга објава се обиде да појасни зошто се влошиле односите со неговите родители.

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам во понеделникот (19.01) даде шокантна изјава во која ги образложи сите причини заради кои не постои можност да се поправат односите со неговите родители.

Во изјавата споделена на Инстаграм Стори, се обиде да ја каже вистината за сите лаги што неговите родители наводно ги објавиле во медиумите за него и за неговата сопруга Никола Пелц.

Во изјавата Бруклин ги обвини родителите дека се обиделе да му го саботираат бракот со Никола Пелц, и вели дека претрпеле голем број напади, како приватно, така и јавно, пришто „Брендот Бекам“ им бил поважен од семејните вредности.

Цел живот, моите ги контролираа наративите во медиумите за нашето семејство, креирајќи објави на социјалните медиуми, семејни настани и нереални семејни односи… Неодамна видов со мои очи до кој степен се подготвени да одат за да пласираат лаги во медиумите, најчесто на штета на невини луѓе, за да ја сочуваат сопствената фасада“ – пишува Бруклин.

Како што нагласи, односите се влошиле уште пред да стапи во брак со Никола, а причината за тоа била што тој одбил да им го даде правото на неговите родители и понатаму да го користат неговото име.

Тоа што тој не прифатил, наводно, им ги намалило приходите и заради тоа нивните односи се влошиле.

Вечерта пред свадбата родителите му рекле дека неговата сопруга не му е крв и не е семејство.

Дополнително, ја обвини мајка му дека му ја уништила свадбата, првично затоа што не ѝ се допаднало тоа што Никола не сакала да носи венчаница со нејзиниот потпис, а работите дополнително кулминирале за време на свадбата, кога поранешната членка на Spice Girls го украла првиот танц.

Марк Ентони ме викна на сцената, каде што според распоредот требаше да го имам првиот романтичен танц со сопругата, но наместо неа, мајка ми ме чекаше таму. Таа танцуваше непристојно со мене пред сите. Никогаш не сум се чувствувал попонижено во мојот живот. Сакавме да ги обновиме заветите затоа што сакавме да создадеме нови спомени од нашата свадба, а не анксиозност и срам“ – пишува Бруклин.

Бруклин понатаму објаснува, дека спротивно од тоа што го споделуваат во медиумите, Викторија и Дејвид во повеќе наврати избегнувале средба со најстариот син и снаата, а во една пригода дури и му рекле дека тој може да дојде на роденденот на татко му, но дека неговата сопруга е непожелна.

Не сакам да се помирам со моето семејство. Никој не ме контролира, туку јас за првпат застанувам во одбрана на сопствените права. Целиот мој живот, моите родители го контролираа наративот во медиумите за моето семејство“ – нагласи Бруклин.

Инаку, за потсетување, Бруклин и Никола стапија во брак во април 2022 година, по што почнаа јавните превирања меѓу Бекамови и Никола Пелц.

Во еден период се чинеше дека семејството конечно ќе се помири, но како што пишува PageSix, повикувајќи се на извори блиски до Бруклин Бекам, веќе е доцна за семејството да ги подобри односите.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Британец заработува 30.000 евра годишно од чистење кучешки измет (ВИДЕО)

Следно

Шилегов: Конгресот на СДСМ е верификација на нивните неуспешни политики

Latest from Blog

Коњановски: Сите улици во Битола се проодни – Сообраќајот се одвива непречено (ВИДЕО)

По снежните врнежи што ја зафатија Битола во текот на денешниот ден, сите улици во градот се целосно проодни, а сообраќајот се одвива непречено, информира градоначалникот Тони Коњановски преку социјалните мрежи. Во

Кој е ликот со прекар ПОКРОВИТЕЛ – ШЕФ НА БАЛКАНСКИОТ НАРКО КЛАН?

На Youtube каналот „Amazing Europe“ можете да видите листа од десет земји со најголемо присуство на мафијата и организираниот криминал. Иако Италија е генерално првата асоцијација со мафијата, истражувањата покажаа дека Турција

Голем пресврт: Трамп се откажа од царините за Европа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да воведува царини поврзани со Гренланд, по, како што кажа, „многу продуктивниот состанок“ со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Во објава на неговата платформа
Go toTop