БУГАРИЈА ОСТАНА ЦЕЛОСНО БЕЗ СТАБИЛНА ВЛАСТ: Собранието во хаос, сега оставка даде и претседателот Радев

January 19, 2026
1 min read

Претседателот на Бугарија Румен Радев во вонредно обраќање до нацијата, поднесе оставка од функцијата. Тој се одлучи на ваков чин на датумот на кој положо заклетва за својот втор мандат пред 4 години.

„Денеска би се обраќам како претседател за последен пат. Прво сакам да ве замолам за прошка, времето ја тестираше вашата доверба, затоа ви благодарам за вашето трпение“, изјави Радев.

Во вторник тој ќе ја предаде оставката до Уставниот суд, а неговата позиција ќе ја преземе потпретседателката Илијана Јотова.

„Убеден сум дека Јотова ќе биде достоен шеф на државата. Сакам и на неа да и се заблагодарам за поддршката во овие девет години. За овие девет години како потпретседател и претседател, докажавме дека можеме да работиме синхронизирано кога имаме цел. И убеден сум дека Јотова ќе биде достоен претседател“, рече Радев.

Радев извести што се случило во последните девет години, напоменувајќи дека Бугарија се приклучи кон Шенген и еврозоната, но објасни зошто постигнувањето на овие цели не донесе стабилност и задоволство, затоа што излезноста на граѓаните опаѓа и зошто луѓето не му веруваат на судскиот систем.

„Одговорот лежи во лошиот систем на управување. Има надворешни знаци на демократија, но фунцкионира според механизмите на олигархијата. Политиката се случува надвор од институциите“, изјави Радев.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мароко ќе го тужи Сенегал по повод финалето на Африканскиот куп

Следно

Легендарниот рагби играч Том Брејди отворено зборува за процесот на развод од убавата Жизел

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop