Бог се јави! Се празнува БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

January 19, 2026
1 min read

Православните верници денеска го одбележуваат еден од најголемите и најзначајни зимски христијански празници – Богојавление, познат и како Водици. Празникот се слави уште од вториот век и има длабока духовна и симболична смисла, поврзана со осветувањето на водите и јавното објавување на Светата Троица.

Според христијанското предание, на овој ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, по што Светиот Дух се јавил во вид на гулаб, а од небото се слушнал гласот Божји. Токму поради тоа, празникот се нарекува Богојавление, а во народот е познат и како Водици, поради големиот водосвет што го извршува црквата.

И годинава продолжува вековната традиција на положување на Чесниот крст во осветените води. Во Скопје, Скопската православна епархија при Македонска православна црква – Охридска архиепископија го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар. Според информациите од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, за манифестацијата „Водици 2026“ пријавени се околу 160 учесници, кои ќе се обидат да го фатат светиот крст.

Одбележувањето на празникот започнува со света архијерејска литургија, на која ќе чиноначалствува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Стефан. По завршувањето на богослужбата, ќе следи богојавленска литија до реката Вардар, каде што ќе се изврши големиот водосвет и ќе се положи Чесниот и животворен крст.

Богојавление свечено се одбележува и во Охрид, каде централната богослужба ќе се одржи во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, по што литиите ќе се упатат кон Градското пристаниште. Таму ќе се одржи голем Богојавленски водосвет и ќе се положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Годинава, за првпат, водите ќе ги освети новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката г. Георгиј, а најавено е и присуство на Гордана Силјановска Давкова.

Според народните верувања, оној што ќе го фати крстот ќе го следат здравје, среќа и благослов во текот на целата година. Чинот на фаќање на крстот симболизира соединување на човекот со Христа, а се верува дека по осветувањето водите добиваат лековита моќ.

Во Република Македонија, согласно Законот за празници, Богојавление – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Да останеме верни на вредностите, да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничко добро

Следно

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Latest from Blog

Младото момче Јордан Ангелески го фати крстот – Прилеп го слави Богојавление, честитки од Проданоски

„Бог се јави – навистина се јави!“ – со овие зборови градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го честита празникот Богојавление – Водици. Празникот симболизира светото крштевање, духовното раѓање, верата и прочистувањето,

Коњановски: Денес ја славиме верата и традицијата на Богојавление Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление ден кога според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што

Ханси Флик по скандалозниот меч со Сосиедад: “Разочаран сум и гневен“!

ФОТО: FC Barselona/FB И дефинитивно фудбалска Шпанија “гори“. Имено секој реален фудбалси фан забележа дека Барселона вчера на гостувањето кај Сосиедад беше оштетена. Барса беше поразена, но во Шпанија, а посебно во

Пукање во Чешка: Отворил оган во градското собрание и убил жена, полицијата го елиминирала

Две лица загинаа во пукањето што се случи во Чешка. Според првичните информации, жена е убиена во градското собрание во местото Чржибска, а најмалку четири лица се повредени. Полицијата го убила напаѓачот.

Петрушевски: Со закани, уцени и притисоци, Филипче и Заев сакале да ја земат болницата Жан Митрев

Сведоштвата на др. Жан Митрев во кои директно ги обвинува Заев и Филипче дека преку својата политичка моќ и државните институции, вршеле притисок да му ја преземат болницата, ја потресоа јавноста. Но,
Go toTop