Трамп: Време е Данска да ја отстрани руската закана од Гренланд

January 19, 2026
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека Данска не направила ништо за да ја отстрани „руската закана“ од Гренланд и порача: „Сега е време и тоа ќе биде направено!“

„НАТО веќе 20 години и укажува на Данска дека мора да ја отстрани руската закана од Гренланд. За жал, Данска во тој поглед не успеа да направи ништо“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа во негова сопственост Truth Social. Белата куќа, данското претседателство со Европската Унија и данското Министерство за надворешни работи не одговорија веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.


Трамп повеќепати инсистираше дека нема да прифати ништо помалку од сопственост над Гренланд, автономна територија на Данска. Лидерите на Данска и Гренланд остануваат на ставот дека островот не е на продажба и дека не сака да стане дел од Соединетите Американски Држави.

Во саботата Трамп им се закани со бран зголемени царини на европските сојузници додека на САД не им се дозволи да го купат Гренланд. Според тврдењата на Трамп, сè поголемото присуство на Кина и Русија го прави Гренланд клучен за безбедносните интереси на САД. Данските и други европски претставници нагласија дека Гренланд веќе е опфатен со НАТО-спогодбата за колективна безбедност.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Календар на МПЦ: Богојавление-Водици

Следно

Тоневски упати честитка до граѓаните за празникот Водици

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop