Православните верници го слават Богојавление-Водици: Со положувањето на крстот, водите стануваат лековити

January 19, 2026
2 mins read

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.

И годинава ќе продолжи вековната традиција на положување на крстот во осветените води. Скопската православна епархија при МПЦ-ОА го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на Чесниот крст.

Како што изјави за МИА отец Благоја од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје годинава се пријавени околу 160 граѓани, кои ќе се обидат да го фатат крстот што ќе се положи во реката Вардар.

Пријавувањето за учество на манифестацијата „Водици 2026“ беше од 3 до 16 јануари зад соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во Митрополијата.

– Оние што се во ред со здравјето може да учествуваат на манифестацијата „Водици“. Има голем интерес и досега се пријавени околу 160 граѓани. Малолетници можат да учествуваат со дозвола од родител и со потврда од спортска медицина и ќе треба да присуствуваат со родител. Потребни се лична карта и потврда од спортска медицина, заверка на картоните на самиот ден – 19 јануари. Во 7:30 часот, секој што е запишан и има добиено картонче за учесник да дојде зад храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде ќе се стави печат на картоните и само така ќе бидат пропуштени од МВР покрај реката Вардар за да учествуваат во манифестацијата, рече отец Благоја. Посочи дека дел од учесниците постат и сакаат да се причестат пред спуштањето на светиот крст. Оној што прв ќе стигне до крст ќе биде соодветно награден од МПЦ.

Одбележувањето на празникот Богојавление ќе почне во 9 часот во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, каде што ќе богослужи поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан.

По завршување на литургијата, богојавленските литии заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода“ кај хотелот „Холидеј Ин“, каде ќе почне „Водосветот“, а потоа околу 12 часот поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архипископот г. г. Стефан ќе го спушти светиот и животворен крст во водите на Вардар.

Во Охрид централната богослужба ќе се одржува во црквата „Успение на Пресвета Богородица“  –  Каменско. Богослужби ќе има и во црквите „Св. Никола- Геракомија“ од каде и потекнува и оваа традиција, „Св. Никола“ во  Долна Влашка Мала и „Св. Ѓорѓија“ во Горна Влашка Мала. Во 9:45 часот литиите од сите цркви ќе тргнат кон Градското пристаниште каде што во 10 часот ќе се одржи голем Богојавленски водосвет и ќе се положи Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Оваа година првпат водите на Охридското Езеро ќе ги освети и во нив Чесниот крст ќе го положи новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката г. Георгиј. Најавено е присуство на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Според верувањата, оној кој ќе го фати крстот, ќе го следи среќа и благослов цела година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со положувањето на крстот, водите стануваат лековити.

Во земјава, согласно Законот за празници, Богојавление-Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фото: Елегантната Бела Хадид- Црвениот проѕирен фустан ги привлече сите погледи

Следно

Календар на МПЦ: Богојавление-Водици

Latest from Blog

Бог се јави! Се празнува БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

Православните верници денеска го одбележуваат еден од најголемите и најзначајни зимски христијански празници – Богојавление, познат и како Водици. Празникот се слави уште од вториот век и има длабока духовна и симболична

Мицкоски: Да останеме верни на вредностите, да ја градиме државата со чесност, солидарност и грижа за заедничко добро

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици, во која порачува да останеме верни на вредностите што нè држат исправени и обединети и да продолжиме да ја градиме државата

Проданоски со честитка за Богојавление – Водици до граѓаните на Прилеп

Во црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп денеска се одржа светата литургија по повод Богојавление – Водици, традиционалниот празник кој го одбележува Крштевањето на Исус Христос во реката Јордан од страна на Јован

Николоски: Експресниот пат Градско–Дреново ја менува сликата за Пелагонија

Министерот за транспорт Александар Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско–Дреново, нагласувајќи дека со оваа сообраќајница значително се подобрува поврзаноста меѓу Пелагонија и главниот град. „Со овој експресен пат Прилеп, Битола,

Тоневски упати честитка до граѓаните за празникот Водици

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици. „Бог се јави! За многу години празникот Богојавление – Водици. Честитки за Давид Демјанов од Злетово што го
Go toTop