Најстариот и некогаш најголем леден брег полека заминува во историјата

January 15, 2026
2 mins read

Некогаш најголемиот, но се чини и денес најстар леден брег во светот – „A-23-a“ во својот зенит беше три пати поголем од Њујорк, а сега – кога се приближува кон својата 40-годишнина, е сведен на визуелно зачудувачка маса од „шарено-сина каша“… Имено, како што новите сателитски слики посочуваат – огромното парче мраз се ближи кон својот крај.

Своевремено наречен „кралицата на ледените брегови“, „А-23-а“ се отцепи од ледениот гребен „Филхнер Рон“ на Антарктикот летото 1986 година, но наскоро неговиот потопен долен дел потона на морското дно. Речиси 3,5 десетлетија потоа, тој остана на истото место, со минимално намалување – благодарение на неговата близина до матичниот леден гребен. Но, во 2020. „A-23-a“ конечно почна да се оддалечува од Антарктикот. Следно, масивниот леден брег повторно беше заробен – овојпат во силна океанска струја што го принуди да се врти во место со месеци.

Во декември 2024 година, се оттргна од вртлогот и се насочи кон островот Јужна Џорџија, предизвикувајќи загриженост кај научниците дека би можел да се поткачи на копното и да го загрози тамошниот екосистем, особено да им наштети на пингвини. Но, најлошиот исход беше избегнат кога ледениот брег почна да се распаѓа во мај 2025 година – пред да стигне до островот.

Оттогаш, најголемиот дел од ледениот брег се насочи кон север во јужните делови на Атлантскиот Океан, каде што потоплите океански струи го забрзуваат неговото топење.

Најновите слики, направени од сателитот „Тера“ на НАСА на 26 декември, ја покажуваат масата мраз во целосно непрепознатлива состојба. Сега намален на околу една третина од неговата првична големина, ледениот брег е покриен со базени од сина вода опкружени со дебели бели рабови од мраз, налик насипи. Сликата, исто така, покажува сива, каллива маса позната како ледена каша, којашто веројатно се пробивала оддолу под ледениот брег. Опкружен е со стотици помали парчиња лед кои се отцепиле од неговите рабови.

„’Сината каша’ на површината на ‘А-23-а’ се состои од езерца од топена вода, коишто настануваат кога површинскиот мраз ја губи својата структурна цврстина“, објасни Тед Скембос, климатски научник на Универзитетот на Колорадо во Болдер, во соопштението на НАСА. – „Овие езера потоа се поврзуваат во ленти, најверојатно поради тежината на водата што се собира во пукнатините и дополнително ги проширува“, се вели.

Според Валтер Мејер, виш истражувачки научник во Националниот центар за податоци за снег и мраз, пукнатините веројатно се движат паралелно со жлебовите на долната страна од ледениот брег, коишто се создавале со векови додека мразот се движел низ копното, кога тој бил дел од ледениот гребен Филхнер Рон.

– Неверојатно е што овие ленти сѐ уште се видливи по толку време, додаде Крис Шуман, пензиониран професор на Универзитетот во Мериленд.

И на слика направена на 27 декември од Меѓународната вселенска станица, овие впечатливи ленти, се чини, веќе почнале да бледнеат. На таа слика, површината на ледениот брег изгледа порамномерно, со повеќе сина вода.

Поради својата величина и долговечност, „А-23-а“ неколкупати ја држеше титулата најголем леден брег во светот. Последен пат ја врати во јуни 2023 година, по распадот на претходниот носител на рекорд, „A-76-A“, но повторно ја изгуби во септември 2025 година, кратко по „блиската средба“ со Јужна Џорџија. Во овој миг, најголемиот леден брег во светот е „Д-15-A“, со површина од околу 3.100 квадратни километри, според Националниот центар за податоци за снег и мраз, што е неколку стотици квадратни километри помалку од максималната големина што некогаш ја имал „А-23-а“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЗ иницира ДСЗИ да изврши инспекциски надзор во болницата во Кавадарци во врска со случајот со починатото новороденче

Следно

Доста ни е од информатичари, СЕ БАРААТ ЅИДАРИ, ЗАВАРУВАЧИ, МЕХАНИЧАРИ, ЗАНАЕТЧИИ…

Latest from Blog

Цените на билетите за Мундијалот се високи, но побарувачката е уште повисока

gianni_infantino x ФИФА денеска објави дека на нејзината адреса, стигнале половина милијарда барања за билети за претстојниот Мундијал, кој што ќе се одржи следното лето во САД, Канада и Мексико. Огромната побарувачка

Протести и погреби во Техеран – Иран бара дипломатија, Трамп: Егзекуциите се запрени

Во Техеран, главниот град на Иран се одржа голема погребна поворка за припадници на безбедносните сили и цивили убиени за време на последните немири, кои властите ги припишуваат на „терористи“. На погребната

Божиновска ја отвора вратата на Министерството за академската заедница

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја зајакнува и унапредува соработката со релевантните институции во државата, со посебен акцент на академската и научно-истражувачката заедница, како клучен партнер во креирањето одржливи,

Хајрулахи: Атакот врз мене е поради тоа што Тополова Исајловска се смета за загрозена по најавата дека размислувам да се кандидирам за Републички јавен обвинител

Паушални и избрзани наводи на В.Д. Републичкиот јавен обвинител од причини што истата се смета за загрозена од мојата изјава дека „размислувам да конкурирам за местото Републички јавен обвинител“, ова е одговорот
Go toTop