Сенидах најавува ноќ на врвна продукција, моќен звук и сценски дизајн што ја следи секоја емоција

January 14, 2026
1 min read

Точно
еден месец нѐ дели од првиот солистички, скопски концерт на регионалната
музичка икона Сенидах, која на 14 февруари со себе ќе ни го донесе својот
препознатлив уметнички потпис и емоција што не познава граници. Сенидах во
Скопје ќе настапи на 14 февруари во СЦ „Јане Сандански“.

Овој датум не е случаен, тоа ќе биде вечер посветена на
блискоста, искрената емоција и врската што со години ја гради со македонската
публика.

По големите регионални настапи и спектакуларни продукции регионалната
музичка икона Сенидах во Скопје доаѓа со концерт што е замислен како
интимна, но моќна средба, како момент кога барем за една ноќ ќе постојат само
таа и публиката.

Секогаш чувствувам посебна
енергија
кога сум во Скопје
и со нетрпение се подготвувам за оваа средба.
Концертот ќе биде
ноќ полна со емоции и силна музика
. Едвај
чекам повторно да се видиме, да пееме заедно и да ја споделиме таа енергија
“, порачува Сенидах.

Токму таа емоција ја носи и нејзиниот најнов музички
период. Со албумот „Сен и дах“, Сенидах уште подлабоко навлегува во личните
теми, односите и чувството на припадност, а најновиот сингл „Ти и ја“ стана
симбол на блискоста, довербата и моментите што се случуваат кога музиката ги
брише сите дистанци.

Позната по својот уникатен спој на R&B, трап и
балканска емоција, како и по сценски настап што секогаш носи силна визуелна и
аудио порака, Сенидах со години ја дефинира современата регионална сцена.
Нејзините соработки со Дино Мерлин, Џала Брат и Буба Корели, Цоби, Раф Камора,
како и низата хит-синглови со милионски стримови, ја вбројуваат меѓу
најавтентичните и највлијателни артисти денес.

Концертот е во организација на SKYMUSIC продукција, а
публиката во Скопје може да очекува врвна продукција, моќен звук и сценски
дизајн што ја следи секоја емоција, од најтивките моменти до експлозивните
рефрени што се пеат во еден глас. Ова нема да биде само концерт, туку заедничко
доживување.

Влезниците се веќе достапни преку бесплатната
апликација eFinity и
преку платформата Wayin.mk,
и тоа по цени од 2000 денари за фан питот, 1200 за партерот, додека оние за трибините
во зависност од местоположбата се движат од 1200 до 1800 денари. Влезниците во ВИП
делот чинат 2500 денари.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Платформата „Икс“ повторно достапна во Венецуела по повеќе од една година

Следно

Касами поддржува укинување Техничка влада, без косензус – по следните паралментарни

Latest from Blog

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..

Проданоски во Штавица: Го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица, каде што традиционално се одбележува Мала Богородица. Проданоски
Go toTop