Screenshot

Димитриеска Кочоска: Историски поволни каматни стапки ја потврдуваат стабилноста на државата

January 14, 2026
2 mins read

Министерката за финансии рече дека задолжувањето со новата еврообврзница се реализира преку две транши од по 500 милиони евра, со рок на доспевање од 4 и од 8 години, со што се овозможува оптимално распоредување на обврските во среден и долг рок, како и дополнително намалување на ризиците поврзани со рефинансирање.

Мекедонија успеа да го зголеми периодот на враќање на вредноста на еврообврзниците со последното издавање, со што се релаксира процесот на сервисирање на обврските на државата, рече меѓу другото  министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, на денешната прес-конференција организирана по вчерашната аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница.

Таа рече дека земјава треба да изгради нова стратегијата за оптимално распределување на обврските за отплаќање на јавниот долг.

 

-Просечната рочност на еврообврзниците кај нас е 3 години. Ние полека треба да ја менуваме структурата на рочноста на јавниот долг, за да ги надминеме предизвиците во сервисирањето на долгот. Посебно во периодот на големи тензии во светот кога не се знае што ќе се случува. Нашата цел треба да биде зголемување на рочноста на целото портфолио на јавниот долг, за да се релаксира состојбата на отплата на долгот – рече Димитриеска Кочоска.

Таа информира дека годинава вкупните обврски за отплата на домашниот и меѓународниот пазар изнесуваат околу 1,563 милијарди евра, во 2027 година 1,579 милијарди евра, во 2028 година 1,971 милијарди евра, во 2029 година 1,304 милијарди евра, а во 2030 година 1,414 милијарди евра или вкупно за 5 години  8,804 милијарди евра.

– Затоа Министерството одлучи задолжувањето да се реализира преку две транши од по 500 милиони евра, со рок на доспевање од 4 и од 8 години. Ваквата структура овозможува оптимално распоредување на обврските во среден и долг рок, како и дополнително намалување на ризиците поврзани со рефинансирање – рече Димитриеска Кочоска.

Токму затоа, потенцираше Димитриеска Кочоска, ова издавање има јасна улога во рамномерно распределување на доспевањата и во намалување на ризиците поврзани со концентрација на отплати во поединечни години.

Таа рече  и дека каматните услови што ги обезбеди државата со новата еврообврзница се меѓу најповолните во регионот и пошироко, што дополнително ја зацврстува позицијата на државата како стабилен, кредибилен и конкурентен издавач на меѓународните финансиски пазари. Кај двете транши од еврообврзницата е постигната најтесна каматна маргина во однос на референтниот Еурибор, споредено со сите државни издавања во изминатите 20 години

-Каматните стапки кои ги постигнавме се меѓу најповолните во однос на референтната вредност на Еурибор во последните 20 години. За траншата со рок од 4 години каматата изнесува 3,87 % а за траншата со рок од 8 години 4,75%. Имајќи го предвид актуелното високо ниво на Еурибор, овие услови претставуваат најконкурентна цена на задолжување што државата ја има постигнато во последните две децении – рече Димитриеска Кочоска.

Особено значајно, посочи таа, е што успеавме да пласираме осумгодишна еврообврзница.Доспевање кое последен пат беше постигнато пред повеќе од дваесет години.

-Ова претставува силен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори во економските политики, реформската агенда и стабилноста на земјата – рече Димитриеска Кочоска.

Таа информира и за што ќе бидат потрошени парите од еврообрзницата.

-Со средствата обезбедени преку оваа еврообврзница, предвидена во Буџетот за 2026 година, ќе се изврши навремена исплата на еврообврзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра, а останатите средства ќе бидат насочени кон финансирање на буџетскиот дефицит и реализација на развојни проекти од суштинско значење за економскиот раст – рече Димитриеска Кочоска.

 

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ана Бекута исвиркана и гаѓана со снежни топки на концерт во Чачак: Имате ли мајки, срам да ви е! (ВИДЕО)

Следно

Мисајловски на прoштална средба со амбасадорката на САД, Агелер: Значаен партнер и искрен пријател на Македонија

Latest from Blog

Времето денеска променливо облачно и топло

Променливо облачно и топло време со сончеви периоди се очекува денес. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено во источните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 9

Англија со четири гола ја совлада Хрватска во еден од најдобрите мечеви на Мундијалот (ВИДЕО)

фото: England (X) Во можеби најдобриот натпревар на Мундијалот досега, Англија ја победи Хрватска со 4-2 на отворањето на групата Л на Светското првенство. Извонреден натпревар меѓу големите ривали во Далас, кој

Мицкоски од Струмица на 36-тиот роденден на ВМРО: Идејата за Македонија денес е посилна од било кога

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вечерва од Струмица порача дека идејата која започнала пред 36 години со формирањето на ВМРО-ДПМНЕ не само што опстанала, туку денес е посилна од кога било.

Португалците се нафрлија кон Роналдо: Тој е смешен, ужасен и само го забавува тимот!

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) Португалија одигра нерешено 1-1 со ДР Конго во првото коло од Светското првенство во 2026 година, а критиките од фановите стигнаа веднаш по последниот судиски свиреж. Најголемиот

Мерц: За прв пат најдовме заеднички јазик со Трамп, тоа е вистински успех

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше еден од првите што ја напушти салата за состаноци пред новинарите и ја пофали заедничката декларација за поддршка на Украина. – Ова е прв пат откако претседателот
Go toTop