Мисајловски на прoштална средба со амбасадорката на САД, Агелер: Значаен партнер и искрен пријател на Македонија

January 14, 2026
1 min read

Денеска, во Министерството за одбрана, остваривме проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, по повод завршувањето на нејзиниот мандат во Македонија, објави на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Во мое лично име и во името на Министерството за одбрана, упатив искрена благодарност за нејзината посветена, принципиелна и одговорна работа, како и за значајниот придонес во унапредувањето на билатералната соработка и одбранбеното партнерство. Мандатот на амбасадорката Агелер се одвиваше со континуирана поддршка, лидерство и личен ангажман кои имаа клучна улога во унапредувањето на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, модернизацијата на Армијата и спроведувањето на приоритетните одбранбени реформи. Во текот на соработката, амбасадорката Агелер беше препознаена како значаен партнер и искрен пријател на Македонија. Со најдобри желби за успех и лично исполнување во идните професионални ангажмани, изразив уверување дека пријателството и партнерството меѓу двете држави ќе продолжи да се продлабочува, истакна Мисајловски.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска Кочоска: Историски поволни каматни стапки ја потврдуваат стабилноста на државата

Следно

Изминатата година беше трета најтопла во историјата на мерењата

Latest from Blog

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе
Go toTop