Само тројца играчи не се збогувале со Алонсо

January 14, 2026
1 min read

Чаби Алонсо од понеделникот повеќе не е тренер на Реал Мадрид. Тој беше заменет еден ден откако Реал загуби со 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Новиот тренер е Алваро Арбелоа (42). Речиси сите играчи на Реал се збогуваа со Чаби на социјалните мрежи. Во статусите што ги напишаа по повод оваа пригода, тие го нагласуваат своето почитување кон Чаби и неговото знаење и жалат што повеќе нема да соработуваат.

Шпанските медиуми истакнуваат дека е индикативно што само тројца играчи не се збогувале со отпуштениот тренер. Тоа се Винисиус, Трент Александар-Арнолд и Франко Мастантуоно. За Бразилецот ова е очекувано бидејќи пред два месеци тој направи бунт против тренерот. После тоа, тој и Чаби се обидоа да покажат дека ги поправиле односите, но никој не им веруваше.

Александар-Арнолд беше доведен од Ливерпул како ново десно крило, но повредата го принуди да се повлече од тимот токму кога Алонсо почна да му дава можности. Мастантуоно е млад (18) играч од средниот ред кој дојде од Ривер Плата ова лето за 45 милиони евра. Тој одигра 17 натпревари со Чаби, од кои 10 како стартер.

Отпуштањето на Чаби Алонсо ќе биде скап потег за Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата од 8-9 милиони евра по сезона. Шпанскиот весник „Ел Дебета“ пишува дека Реал ќе мора да плати 15 милиони евра отштета на Чаби Алонсо. Да потсетиме дека минатото лето Реал плати уште 15 милиони евра отштета на Баер Леверкузен за Алонсо да се пресели во Мадрид.

Шпанскиот Суперкуп беше означен како еден вид „последен тест“ за Алонсо, а евентуален трофеј би ја смирил ситуацијата на клупата. Откако Реал го нокаутира Атлетико Мадрид во полуфиналето, поразот од Барселона во финалето дополнително ја потресе самодовербата на раководството, па набрзо дојде одлуката за прекин на соработката. Поранешниот шпански играч од средниот ред го водеше тимот во 34 натпревари, оствари 24 победи, четири нерешени и шест порази.

Реал замина на второто место на табелата во шпанското првенство со 45 освоени бода по 19 кола, четири помалку од лидерот Барселона. Во Лигата на шампионите се седми со 12 бода по шест кола, а во Купот го освоија осминафиналето, каде што денес ги чека Албасете. Потоа новиот тренер ќе го има своето деби…

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Сакам да победам во Иран, ми се допаѓа да победувам

Следно

МОЗОКОТ СТАРЕЕ ПОРАНО ОТКОЛКУ ШТО МИСЛИТЕ Трите критични животни периоди

Latest from Blog

УЈП: Мерката „МојДДВ“ не се укинува

Управата за јавни приходи ги демантира написите во дел од медиумите дека се укинува мерката „МојДДВ“. Јасно и недвосмислено истакнуваме дека не постои одлука за укинување на „МојДДВ“ – мерката се спроведува
Go toTop