Еве кои седишта се најдобри за долги авионски летови

January 13, 2026
1 min read

Долгите авионски летови за многу патници се вистински предизвик, најчесто поради ограничениот простор и неудобните седишта во кабината. Според стјуардеса од авиокомпанијата Вирџин Атлантик (Virgin Atlantic), изборот на вистинското седиште може значително да влијае врз удобноста и квалитетот на патувањето. Таа објаснува дека патниците кои чувствуваат вознемиреност или потешко ги поднесуваат турбуленциите треба да изберат седишта над крилата на авионот, каде движењето е најмало.

Како дополнителни фактори што влијаат врз лошиот сон на долги летови, стјуардесата ги наведува бучавата во кабината, ограничениот простор за нозе, дизајнот на седиштата и нивото на кислород.

Таа посочува дека најдобро е да се избегнуваат седишта во близина на кујната и тоалетите. Според неа, не може со сигурност да се одреди најтивкото место во авионот, бидејќи тоа зависи од патниците околу нас, а задниот дел често е побучен поради тоалетите, додека пак, за време на ноќни летови дополнителна непријатност може да предизвика светлината и активностите на „екипажот во кујната“, па затоа најдобар избор се седиштата лоцирани околу пет редови од предниот дел или пет редови пред крајот на авионот.

Седењето поблиску до предниот дел им овозможува на патниците прв избор на оброци и побрзо напуштање на авионот по слетувањето. Од друга страна, патниците во задниот дел побрзо добиваат храна бидејќи послужувањето започнува од двата краја на кабината, но таму турбуленциите се почувствителни.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Станковиќ: Цариградските камбани сѐ погласно бијат за некаква „северномакедонска црква“!?

Следно

Битола бара превозници за градските и руралните автобуски линии

Latest from Blog

Даниловски: Тигрестиот комарец е лош летач, тој е ниско при земја и со аеропрскање не му можете ништо

Oдозгора не им можете ништо. Тука единствено доаѓа предвид онаа терестрична, локална дезинсекција, појаснува епидемиологот Според него, ова што сега се прави, не се превентивни, туку се противепидемиски мерки. Аеропрскањето не значи

Дел од Тетово и тетовско утре без струја поради замена на дрвен столб со бетонски столб

Дел од Тетово и тетовскиот регион утре, 14 август, ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа. Според најавата, во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе
Go toTop