Професии кои ќе исчезнат до 2030 година – дали и вашата е меѓу нив?

January 13, 2026
2 mins read

Вештачката интелигенција одамна не е поим од научнофантастични филмови, туку економска реалност која го преобликува пазарот на труд побрзо од која било технолошка револуција досега.

Додека едни во неа гледаат можност за неверојатен раст и продуктивност, други со загриженост ги следат вестите за милиони работни места што би можеле да исчезнат. Вистината, како и обично, е некаде помеѓу, но едно е сигурно: промените се неизбежни. Експертите предупредуваат дека до крајот на деценијата многу од денешните преофесии ќе станат излишни, но истовремено ќе се создадат и сосема нови.

Анализите на водечките светски институции, како „Светскиот економски форум“ и „McKinsey“, јасно покажуваат кои професии се најизложени на ризик.

Станува збор за работни места што се темелат на повторливи, рутински и предвидливи задачи. Алгоритмите и роботите стануваат сè повешти во извршување задачи за кои не е потребно високо ниво на емоционална интелигенција, креативност или комплексно решавање проблеми.

На самиот врв на листата на загрозени се административните работни места. Внесување податоци, транскрипција, водење евиденции и закажување состаноци се задачи што вештачката интелигенција веќе денес ги извршува побрзо и попрецизно од луѓето.

Слична судбина ги очекува и вработените во корисничка поддршка и кол-центри. AI чат-ботовите и виртуелните асистенти стануваат сè пософистицирани и способни да решаваат поголем дел од корисничките прашања без човечка интервенција.

Според извештај на банката „Goldman Sachs“, вештачката интелигенција би можела да замени еквивалент на дури 300 милиони работни места со полно работно време на глобално ниво.

Бранот на автоматизација не застанува само на канцелариските работи:

Малопродажба

Самоуслужните каси веќе ја намалија потребата од касиери, а понатамошниот развој на технологијата би можел целосно да ги елиминира.

Логистика

Работниците во магацини, чија работа се сведува на сортирање и пакување, се загрозени бидејќи роботизацијата станува стандард во логистичките центри.

Финансии и право

Во сметководството и книговодството, софтверите ја автоматизираат обработката на фактури и плати. Во правниот сектор, AI алатките преземаат преглед на документи и правни истражувања.

Медиуми и јазици
Лекторите и редакторите чувствуваат притисок бидејќи јазичните модели стануваат сè подобри во исправување граматички грешки и стилско дотерување на текстови.

Трансформација, а не апокалипса

Иако прогнозите за 85 милиони згаснати работни места до 2026 година звучат застрашувачки, важно е да се погледне пошироката слика.

Истиот извештај на „Светскиот економски форум“ предвидува дека истовремено ќе се создадат 97 милиони нови работни места.

Вештачката интелигенција не ги уништува работните места, туку ги трансформира. Со автоматизирање на здодевните задачи, таа им овозможува на луѓето да се фокусираат на покреативни и постратешки аспекти од работата.

Работни места што остануваат сигурни

Занимањата што бараат човечки допир, емпатија, критичко размислување и лидерство тешко ќе бидат заменети.

Лекари, хирурзи, психолози, наставници и менаџери ќе останат незаменливи поради нивната способност да разбираат комплексни човечки емоции.

Исто така, побарувачката за стручњаци кои развиваат и управуваат со AI системи расте експоненцијално.

Клучот за преживување во оваа транзиција лежи во приспособувањето и доживотното учење. Развивањето „човечки“ вештини, како комуникација и решавање проблеми, ќе биде пресудно.

Иднината на работата не е борба меѓу човекот и машината, туку партнерство во кое секој го прави она во што е најдобар, пишува „Raport.ba“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: Новиот проект е-сандаче ќе врши достава на сите потребни информации до граѓаните

Следно

Европската агенда во прв план на разговорите меѓу Сали и Рокас

Latest from Blog

Коњановски: Битола добива нов паркинг простор во старата касарна

Во старата касарна во Битола започна реализацијата на проектот „Изградба на паркинг на СТУ9 АРМ четврт 3“, кој опфаќа изградба на коловоз, атмосферска канализација и улично осветлување. Градоначалникот Тони Коњановски информираше дека

Коњановски: Со програмата „Заедници со интегритет“ ја градиме довербата на граѓаните во Битола

ПРОГРАМАТА „ЗАЕДНИЦИ СО ИНТЕГРИТЕТ“ ДЕНЕСКА ВО ОПШТИНА БИТОЛА Оваа програма има за цел да им помогне на општините во Македонија да создадат и институционализираат силни системи и практики за интегритет кои ги

Русија објави локално примирје поради поправки во близина на нуклеарната централа Запорожје

Централата е под руска контрола од почетокот на војната. Моментално таа не произведува електрична енергија и се потпира на надворешни извори на енергија за да го одржува своето нуклеарно гориво ладно и
Go toTop