Андоновски: Новиот проект е-сандаче ќе врши достава на сите потребни информации до граѓаните

January 13, 2026
1 min read

„Сега, три месеци пред истекот на вашата лична карта, ние автоматски ви испраќаме на вашето сандаче (а информацијата стигнува и на вашата имејл-адреса) дека ви истекува личната карта за одредено време и дека можете да си ја обновите, да закажете обновување на следниот линк. На овој начин сакавме да покажеме колку е ефикасен овој модел и за 300 000 граѓани тоа веќе е овозможено затоа што се корисници на националниот портал“, изјави министерот Стефан Андоновски, во гостување на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, објаснувајќи ја функционалноста на „е-сандаче“.

Со воведувањето „е-сандаче“ државата може директно електронски да комуницира со граѓаните за опомени, документи, предупредувања за истекување на одредени рокови.

„Е-сандаче“, значи државен инбокс и електронска адреса на граѓаните во дигиталниот свет, а идејата е да се искористи за директна комуникација со граѓаните и тогаш кога тие немаат побарано услуга. Периодов проектот е во тест-фаза, во која системот успешно се справува со автоматско испраќање информација за истекување на личните карти на граѓаните“, рече Андоновски.

Министерот дообјасни дека пораката што стигнува до граѓаните содржи линк кој го носи корисникот кон страницата на која се закажува термин за обновување лична карта.

„Можностите се неограничени и ова е една од обврските на дигиталната декада, затоа што значи дека државата директно електронски комуницира со граѓаните. Каде отишле државите коишто порано го започнале овој процес? Доставата на документи да се врши целосно електронски на овој начин за оние граѓани кои го имаат електронското сандаче“, додаде министерот.

Говорејќи за „е-киоск“, тој рече оти тие треба да се сфатат како машини кои ќе им овозможат на корисниците да добијат услуга директно, без да комуницираат со државниот апарат или без да го користат Националниот портал за услуги, односно луѓето што дома немаат интернет, принтер или компјутер, на кој било киоск ќе можат со неколку клика да дојдат до потребната услуга и да платат веднаш.

„Сметавме дека ова ќе биде нова додадена вредност затоа што во градовите каде што немаме центри за услуги, или на местата коишто имаат голема фреквенција на граѓани, можете да ја користите брзо оваа услуга 24 часа, седум дена во неделата. Не зависите ни од работно време, ни дали некој вработен може да ве услужи и ќе ги намалиме и метежите коишто се создаваат“, заврши министерот, Стефан Андоновски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Несреќни, но заробени: 7 причини зошто жените остануваат во лоши бракови

Следно

Професии кои ќе исчезнат до 2030 година – дали и вашата е меѓу нив?

Latest from Blog

Министерството за енергетика прво со максимални 100 отсто транспарентност

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини постигна 100 проценти активна транспарентност, потврдува официјалниот Индекс на активна транспарентност за 2026 година на Центарот за граѓански комуникации. За само две години од формирањето,

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

RAF Ферфорд е британска воздухопловна база во Глостершир која интензивно ја користат американските воздухопловни сили, особено за стратешки бомбардери и летови со долг дострел. Заради инцидентот, завчера рано наутро беше прогласена вонредна

Напад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сирените

Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност.
Go toTop