Дали вашата врска има иднина?

January 10, 2026
2 mins read

Без разлика колку време се забавуваме со партнерот, прашањето „Каде води ова“ си го поставуваме постојано.

Сите имаме различни нивоа на „сериозно“ кога станува збор за врските. За некого тоа е објавување на заедничка фотографија на социјалните мрежи, запознавање со семејството, за други покана да живеете заедно…

Не е невообичаено едниот да развие посилни и посериозни чувства пред другиот, и да посака нештата да се одвиваат побрзо и поинтензивно.

Колку и да се трудиме да бидеме логични, прашањето „До каде сме?“ може да почне да ни ја поткопува самодовербата и да ни ја разнишува врската иако нема вистинска причина за нестабилност.

Но стравот е вистински и затоа треба да отстапите од таквата умствена состојба и да ја согледате целата слика. Секако, да го „пресметате“ и партнерот во целото тоа.

Различно темпо и интензитет

Вообичаено е партнерите да се наоѓаат во различни фази од врската.

Вашата возраст, искуства и цели во животот во голема мера влијаат во начинот на кој ја гледате и сфаќате врската во која сте во моментов.

Има толку многу индивидуални разлики во начинот на кој ги доживуваме врските, а на тоа влијае и однесувањето на партнерот и нашето толкување на компатибилноста гледано долгорочно.

Читање знаци

Покрај тоа што секој различно гледа на тоа што е „достигнато ново ниво“ во врската, има некои универзални занаци што укажуват дека врската оди напред.

Конкретните настани, како запознавање со пријателите и семејството, разговарање за иднината, откривање на личните стравови, правење долгорочни планови што ве вклучуваат двајцата… се примери за тоа, но не мора задолжително да ги има.

Исто така, треба да се има предвид дека не секој ги сака или посакува тие работи. За некого, запознавањето на семејството не е толку значаен настан и не би го доживеале така, ниту пак би го очекувале како знак за сериозноста на врската.

Транспарентност

Пред да почнете да размислувате и да разговарате за иднината со актуелниот партнер, бидете сигурни дека имате расчистено со вашето лично минато.

Дали ви се брза да ја знаете иднината на оваа врска поради историјата на претходната?

Притисокот од минатите врски може да придонесе за избувливи, избрзани и драматични барања.

Ако мислите дека „ве гази времето“ за да имате деца откако сте излегле од долга врска, бидете транспарентни со себе и со партнерот дали сакате партнер или „донатор“ на материјал за правење бебиња.

Разговарајте

Колку и да си разговарате самите со себе во вашата глава, ништо нема смисла ако не разговарате со оној кој е најзасегнат – личноста со која сте во врска.

Ако прашањето „Каде води нашата врска“ ви ги окупира мислите и ви е потребен конкретен одговор бидејќи нема знаци или не знаете правилно да ги толкувате, отворено и искрено прашајте и разговарајте.

Не очекувајте дека одговорот ќе биде краток и јасен – можеби партнерот исто така размислувал на таа тема и самиот има неодговорени прашања.

Има ризик во фактот дека можеби ќе слушнете одговор што нема да ви одговара, но барем ќе знаете каде сте и што да очекувате.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Синот на славниот Зизу: Динамо Загреб го сака голманот кој на АФКОН направи хаос! (ВИДЕО)

Следно

ФА Куп: Росениор со “петарда“ дебитираше на клупата на Челзи!

Latest from Blog

Конечно стабилизација на времето: Сончево до крајот на неделава

Времето во четврток, 26 февруари, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Температурите

Мицкоски и Тошкоски ќе имаат плати од над 2.500 евра и покрај намалувањето на коефициентите

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела пакет од предлог измени на шест закони со цел да се намалат платите на избраните и именуваните функционери за 10 до 13 илјади денари. Пакетот од шест

Во поплавите во Бразил загинаа најмалку 36 луѓе

Противпожарната служба на Минас Жераис соопшти дека 33 луѓе се водат како исчезнати, а поради надојдената вода околу 3.000 жители биле принудени да ги напуштат своите домови. Метеоролозите најавуваат нови обилни дождови
Go toTop