Истрага на ОН: Русија изврши широк опсег на воени злосторства во Украина, но нема докази за геноцид

March 16, 2023
1 min read

Извештајот, заснован на повеќе од 500 интервјуа, како и сателитски снимки и посети на места за притвор и гробници, доаѓа во време кога Меѓународниот кривичен суд во Хаг се очекува да бара апсење на руски официјални лица за насилно депортирање деца од Украина и таргетирање цивилна инфраструктура

Претседателот на Независната меѓународна истражна комисија на ОН за Украина, Ерик Мозе, на прес-конференција во Женева денеска го претстави извештајот за истрагата, Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Руските напади врз цивилите во Украина, вклучително и систематско и широко распространето мачење и убиства во окупираните региони, претставуваат воени злосторства, а можеби и злосторства против човештвото, се вели во извештајот од истрагата поддржана од ОН објавен денеска, јавува Дојче веле.

Русија извршила широк опсег на воени злосторства во Украина, како што се намерни убиства, тортура и депортација на деца, се вели во извештајот. Сепак, истражителите на ОН не пронашле докази за геноцид.

„Не откривме дека имало геноцид во Украина“,

рече Ерик Мозе, шеф на Независната меѓународна истражна комисија за Украина во изјава за новинарите, иако додаде дека „забележавме дека има некои аспекти кои можат да покренат прашања за тоа злосторство… но ние сè уште немаме донесено никаков заклучок овде“.

Извештајот, заснован на повеќе од 500 интервјуа, како и сателитски снимки и посети на места за притвор и гробници, доаѓа во време кога Меѓународниот кривичен суд во Хаг се очекува да бара апсење на руски официјални лица за насилно депортирање деца од Украина и таргетирање цивилна инфраструктура.

Меѓутоа, ова би можело да се покаже тешко, освен доколку Русите не бидат заробени во Украина, бидејќи Русија нема тенденција да ги почитува барањата за екстрадиција.

Независната меѓународна истражна комисија за Украина соопшти дека руските сили извеле „неселективни и непропорционални“ напади врз Украина, прибегнале кон тортура, убиле цивили надвор од борбите и не презеле мерки за заштита на украинското население.

„Руските власти извршија многубројни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и кршење на меѓународното право за човекови права, покрај широкиот спектар на воени злосторства“,

се вели во извештајот.

Авторите на извештајот забележале мал број очигледни прекршувања од страна на украинските сили, вклучително и едно за кое рекоа дека е под кривична истрага од украинските власти, но огромното мнозинство од нивниот извештај го резервираа за наводи против Русија.

Русија не одговори на барањата на истрагата за информации.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Професор нападнал ученичка во скопско средно училиште

Следно

Почина доајенот на македонското новинарство: Влезе во журналистичката историја како прва жена аналитичар за надворешна политика (ФОТО)

Latest from Blog

Лажно се претставувал како вработен во Агенцијата за одземен имот и измамил граѓани за над 115.000 евра

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од

ФРАНЦУСКАТА ИНТЕРАКТИВНА ПРЕТСТАВА „МАЈСЕЛФС“ ГО ЗАТВОРА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Дваесет и првото идание на Танц фест Скопје се затвора вечерва (20 часот) во Македонскиот народен театар (МНТ, со интерактивната кореографска претстава „Мајселфс“ (Myselves) на Кеј-данс (К-Danse) од Франција, пионери во спојувањето

Собранието на Косово и во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Пратениците во Собранието на Косово ниту денеска за време на 15-тото продолжение на конститутивната седница, не успеаја да го изберат претседателот и потпретседателите на Законодавниот дом.  Претседавачот со конститутивната седница, Авни Дехари

Истрага на ОН: Русија изврши „широк опсег“ на воени злосторства во Украина, но нема докази за геноцид

March 16, 2023
1 min read

Извештајот, заснован на повеќе од 500 интервјуа, како и сателитски снимки и посети на места за притвор и гробници, доаѓа во време кога Меѓународниот кривичен суд во Хаг се очекува да бара апсење на руски официјални лица за насилно депортирање деца од Украина и таргетирање на цивилна инфраструктура

Претседателот на Независната меѓународна истражна комисија на ОН за Украина Ерик Мозе, на прес-конференција во Женева, денеска го претстави извештајот за истрагата, Фото: EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Руските напади врз цивилите во Украина, вклучително и систематско и широко распространето мачење и убиства во окупираните региони, претставуваат воени злосторства, а можеби и злосторства против човештвото, се вели во извештајот од истрагата поддржана од ОН објавен денеска, јавува Дојче веле.

Русија извршила широк опсег на воени злосторства во Украина, како што се намерни убиства, тортура и депортација на деца, се вели во извештајот. Сепак, истражителите на ОН не пронашле докази за геноцид.

„Не откривме дека имало геноцид во Украина“,

рече Ерик Мозе, шеф на Независната меѓународна истражна комисија за Украина во изјава за новинарите, иако додаде дека „забележавме дека има некои аспекти кои можат да покренат прашања за тоа злосторство…но ние сè уште немаме донесено никаков заклучок овде“.

Извештајот, заснован на повеќе од 500 интервјуа, како и сателитски снимки и посети на места за притвор и гробници, доаѓа во време кога Меѓународниот кривичен суд во Хаг се очекува да бара апсење на руски официјални лица за насилно депортирање деца од Украина и таргетирање на цивилна инфраструктура.

Меѓутоа, ова би можело да се покаже тешко, освен доколку Русите не бидат заробени во Украина, бидејќи Русија нема тенденција да ги почитува барањата за екстрадиција.

Независната меѓународна истражна комисија за Украина соопшти дека руските сили извеле „неселективни и непропорционални“ напади врз Украина, прибегнале кон тортура, убиле цивили надвор од борбите и не презеле мерки за заштита на украинското население.

„Руските власти извршија бројни прекршувања на меѓународното хуманитарно право и кршење на меѓународното право за човекови права, покрај широкиот спектар на воени злосторства“,

се вели во извештајот.

Авторите на извештајот забележале „мал број“ очигледни прекршувања од страна на украинските сили, вклучително и едно за кое рекоа дека е под кривична истрага од украинските власти, но огромното мнозинство од нивниот извештај го резервираа за наводи против Русија.

Русија не одговори на барањата на истрагата за информации.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Украден монитор од компјутер во бугарскиот Културно-информативен центар

Следно

За прв пат краците на улица 5 во Љубанци добиваат асфалт

Go toTop