Декларација: Туркиските земји во солидарност со Туркије по големите земјотреси

March 16, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Во декларацијата објавена по самитот на лидерите, Организацијата на туркиски држави изрази солидарност со Туркије по големите земјотреси во јужниот регион минатиот месец, јавува Анадолу.

Денес во Анкара се одржа вонредниот самит на лидерите на Организацијата на туркиски држави (ОТС), на кој претседателот Реџеп Таип Ердоган во претседателскиот комплекс ги пречека лидерите и генералниот секретар на ОТС, Кубањичбек Омуралиев.

На самитот присуствуваа азербејџанскиот претседател Илхам Алиев; казахстанскиот претседател Касим-Џомерт Токаев; киргистанскиот претседател Садир Џапаров; узбекистанскиот претседател Шевкет Мирзијоев; претседателот на Турската Република Северен Кипар, Ерсин Татар; унгарскиот премиер, Виктор Орбан, како и Гурбангули Бердимухамедов, претседавачот на Народниот совет на Туркменистан, и генералниот секретар на ОТС, Кубањичбек Омуралиев.

По самитот, лидерите ја потпишаа декларацијата од Анкара, со која беше пренесено сочувство до турскиот народ за двата разорни земјотреси.

На 6 февруари земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија 11 области – Кахраманмараш, Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије, Шанлиурфа и Елазиг, одземајќи ги животите на речиси 50.000 луѓе.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од силните земјотреси, како и многу други во северна Сирија.

Во декларацијата, лидерите ја изразија „својата подготвеност да ја зајакнат соработката меѓу националните медицински спасувачки тимови на земјите членки и набљудувачите на Организацијата на туркиски држави и да се вклучат во заеднички активности за зајакнување на капацитетите“.

Земјите ја повторија својата подготвеност да продолжат да обезбедуваат хуманитарна помош за оние кои беа погодени од земјотресите доколку и кога е потребно.

Лидерите се согласија да ја зајакнат соработката меѓу националните власти за управување со катастрофи на Организацијата на туркиски држави за да се одговори на потребите на „ефективен, координиран и навремен“ начин во случај на можни катастрофи и итни случаи.

Тие, исто така, рекоа дека проценката на потребите по катастрофата ќе постави добра референтна точка за меѓународната заедница во продолжувањето на нејзината поддршка за Туркије во текот на обновувањето и реконструкцијата на погодените региони.

Во врска со Турската Република Северен Кипар, која доби статус на набљудувач за време на минатогодишниот самит во Узбекистан, лидерите рекоа дека го ценат активното вклучување на земјите набљудувачи во активностите на организацијата.

Тие го поздравија потпишувањето на договорот за основање на Туркискиот инвестициски фонд, кој има за цел да го мобилизира економскиот потенцијал на земјите членки на Организацијата на туркиски држави и да ја зајакне трговската и економската соработка меѓу нив.

Лидерите, исто така, изразија благодарност до Ердоган за неговиот силен и траен придонес за единството и солидарноста, како и безбедноста и просперитетот на туркискиот свет.

Лидерите најостро ги осудија неодамнешните злосторства од омраза против светата книга на исламот, Куранот, што ги навреди сите муслимани и може да го отвори патот за нови расистички, ксенофобични и исламофобични провокации и напади во иднина.

„Организацијата ќе го одржи следниот самит во Казахстан“, се вели во декларацијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: „Туркискиот свет беше меѓу првите што помогнаа по смртоносните земјотреси во Туркије“

Следно

Украден монитор од компјутер во бугарскиот Културно-информативен центар

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop