Ограничен пристапот до интернет во Иран поради националните протести

January 4, 2026
1 min read

Информацијата се заснова на наодите на американската ИТ компанија „Клаудфлер“ (Cloudflare). Извештаите на социјалните мрежи говорат за „интензивни“ прекини и стравувања дека меѓународниот пристап до интернет наскоро може целосно да биде исклучен.

Веќе една недела Иран е потресен од политички немири. Првично, граѓаните во главниот град Техеран протестираа против економската политика на владата, но тие брзо се развија во немири низ целата земја. Покрај слоганите насочени против сегашното раководство, многу демонстранти повикуваат на враќање на монархијата, која беше соборена со Исламската револуција во 1979 година.

За време на протестите во 2009, 2019 и 2022 година, како и за време на израелските воени напади во јуни минатата година, владата строго го ограничи меѓународниот пристап до интернет, а во одредени моменти целосно го исклучуваше. Тогаш беа достапни само националните веб-страници одобрени од властите.

Набљудувачите велат дека ограничувањата имаат две цели. Првата е да се спречи координацијата на демонстрантите за собири, кои во голема мера се организираат преку интернет. Втората е да се спречи објавувањето извештаи, слики и видеа од немирите на социјалните мрежи.

Владата одбива да даде прецизни информации. Сепак, извештаите на социјалните мрежи опишуваат насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата и безбедносните сили, во кои наводно се убиени повеќе од десет лица, а многумина се повредени. Активистите за човекови права велат дека се уапсени стотици демонстранти. Овие тврдења не можат независно да се проверат, нагласува ДПА.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Лампард направи чуда, тој е вистинскиот човек за Челзи“

Следно

Културен печат на историјата: Објавена првата разгледница „Поздрав од Гора“ во Албанија

Latest from Blog

Премиерите на Македонија и Хрватска, Мицкоски и Пленковиќ, утре ќе остварат средба во Охрид

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски утре во Охрид ќе му биде домаќин на претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ. По пречекот на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, Мицкоски и Пленковиќ

Интер Мајами победи во луд натпревар со десет гола, но го загуби Меси (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија J. со 6-4 во историски натпревар од регуларната сезона. Натпреварот понуди невидена фудбалска лудост и влезе во аналите на лигата со првото полувреме со најмногу голови во

НОВИ ОАЗИ: Каде избегаа богаташите од Дубаи?

Повеќе од 240 илјади милионери живееле во ОАЕ пред војната, а повеќето од нив биле концентрирани во Дубаи. Некогаш, животот во Дубаи бил речиси совршен за богати странски професионалци и менаџери. Приватните
Go toTop