Културен печат на историјата: Објавена првата разгледница „Поздрав од Гора“ во Албанија

January 4, 2026
1 min read

Албанија е отпечатена првата разгледница посветена на областa Голо Брдо, богат регион со македонско културно наследство, која ќе служи како визуелен поздрав за сите љубители на овој крај. Ова издание има за цел да го претстави природното и културното богатство на Голо Брдо и да ги сплоти луѓето со убавините на оваа историска област.

Разгледницата содржи 15 фотографии од најатрактивните села и пејзажи во Голо Брдо, прикажувајќи делови од секојдневниот живот, архитектонски и природни вредности што го краси овој дел од Албанија, каде што живее значајна македонска заедница.

Авторско дело на Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, оваа разгледница е изработена со поддршка од семејството Ѓурѓај и претставува значаен придонес кон сочувувањето и промоцијата на македонската култура и историја во Албанија.

Разгледницата ќе се дистрибуира низ целата територија на Албанија, со што ќе се овозможи поширока презентација на културното наследство на Голо Брдо пред локалното население и посетители, а ќе послужи и како убава потсетница за историските корени на македонската заедница во регионот.

Овој печатен материјал не само што е естетски привлечен сувенир, туку и вредна културолошка и историографска репрезентација на Голо Брдо, која ќе придонесе за подобро запознавање со богатството на оваа толку важна историска област.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ограничен пристапот до интернет во Иран поради националните протести

Следно

Тутунот се откупува по највисока цена до сега и затоа сите се задоволни, вели Мицкоски

Latest from Blog

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..
Go toTop