Средба на Јавниот обвинител Јовески со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Вал

March 16, 2023
1 min read

Досегашната и идната соработка во насока на подобрување на состојбите и зајакнување на капацитетите на Јавното обвинителство беше во фокусот на средбата меѓу Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килиан Вал.

Јовески го запозна Вал со состојбите во Јавното обвинителството и со активностите кои се преземаат во насока на јакнење на довербата и транспарентноста.

„Ние силно веруваме дека независни јавни обвинители кои се придржуваат кон принципите на ефикасност, еднаквост на оружјата и непристрасност при кривичниот прогон, се клучни за функционирањето на системот на правда“, истакна Вал.

Како одлична беше оценета досегашната соработка особено во мониторингот на Мисијата на ОБСЕ во судските предмети поврзани со корупција. „Меѓутоа, корупцијата не се сузбива само со репресивни мерки, потребно е и превентивно да се делува“, нагласи Јовески.

Притоа, двајцата соговорници се согласија Јавното обвинителство и Мисијата на ОБСЕ во Скопје да ги продолжат меѓусебните консултации чија цел е да се изнајдат нови модели за соработка и за зајакнување на јавнообвинителскиот систем.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Колку пари даваат европските држави заради повеќе деца во семејството?

Следно

ДОДЕКА ФУДБАЛЕРОТ Е ВО ЗАТВОР, ТАА ПРЕКУ РАЧНО НАПИШАНО ПИСМО СЕ РАЗВЕДЕ – не може да се помири дека нејзиниот сопруг го направил тоа (ФОТО)

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop