Кому ќе му припадне богатството на Брижит Бардо- единствениот син не е ниту споменат во тестаментот

December 29, 2025
1 min read

Во 1960-тите, таа беше една од најплатените актерки во светот, а за нејзината улога во „Вива Марија“ доби 350.000 долари, пишува Новости.

Нејзината автобиографија „Иницијали Б.Б.“, објавена во 1996 година, ѝ донесе дополнителни 4 милиони долари, а позната е и нејзината вила во Сен Тропе, Ла Мадраг.

Бардо никогаш не го одвојувала својот приватен живот од нејзиниот активизам, особено борбата за правата на животните. Дури и додека била во филмскиот свет, таа често велела дека сака нејзините средства да служат за повисока цел.

– Ја дадов мојата младост и убавина на мажите, сега ја давам мојата мудрост и искуство на животните – рече актерката, која се пензионираше од филмот во 1973 година.

Бардо го остави поголемиот дел од својот имот на Фондацијата Брижит Бардо, организација што ја основа во 1986 година во Ла Мадраг со адвокат и пријател. Фондацијата ја доби нејзината селска куќа, приходи од продажба на книги, вила во Сен Тропе и други средства.

Нејзината одлука изненади многумина бидејќи нејзиниот син, единствениот наследник, не доби дел од наследството. Нивниот однос беше турбулентен – дури и додека беше бремена, Бардо рече дека нејзиниот син изгледал како тумор што ја јаде одвнатре. Плашејќи се дека бременоста ќе ја загрози нејзината кариера, го оставила синот кај својот татко. По години напнатост и чувство на понижување, синот планирал одмазда.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВОЛЧЈАТА МЕСЕЧИНА ГО ОЗНАЧУВА ПОЧЕТОКОТ НА 2026 Време е за емоционално ослободување

Следно

До мај нов паркинг на Клиничкиот центар

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop