ВОЛЧЈАТА МЕСЕЧИНА ГО ОЗНАЧУВА ПОЧЕТОКОТ НА 2026 Време е за емоционално ослободување

December 29, 2025
1 min read

На самиот
почеток на 2026 година, веќе на 3 јануари, нè очекува силна лунарна појава –
Полна Месечина во знакот Рак, позната и како „Волч
ја Месечина“. Оваа лунација
традиционално се поврзува со емоционална кулминација, но и со најава за
внатрешни пресврти, интроспекција и потреба од длабоко емоционално
прочистување. Станува збор за астролошки настан што се случува уште во првите
денови од јануари и значајно влијае врз атмосферата и психолошкиот тон со кој
започнува годината.

Полна
Месечина во знакот Рак

Рак е знак
со кој владее самата Месечина и симболизира дом, сигурност, мајчинска енергија,
припадност, интуиција и емоционална длабочина. Кога Полна Месечина се одвива
токму во овој знак, нејзината емоционална моќ е значително засилена. Рак ги
активира длабоко вкоренетите потреби за топлина, прифаќање и емоционална
стабилност. Во ваков период чувствата стануваат поинтензивни, ранливоста
понагласена, а сеќавањата од минатото можат ненадејно да излезат во преден
план.

Полна
Месечина во Рак не делува само како врв на еден емоционален циклус, туку и како
повик за затворање на емотивни поглавја што повеќе немаат своја функција.
Многумина во овој период се соочуваат со чувства што долго време биле
потиснати, игнорирани или избегнувани. Тоа може да вклучува стари замерки,
неизговорени зборови, емоционални загуби или сознанија кои долго не биле
признаени – ниту пред себе, ниту пред другите.

Емоционално
прочистување на почетокот на годината

Почетокот на
годината најчесто се поврзува со нови одлуки, цели и планови. Сепак, пред да се
отвори ново поглавје, неопходно е да се расчисти со она што припаѓа на
минатото. Токму тоа го нагласува оваа лунација. Ова е идеален период за
повлекување, тишина и внатрешна анализа, како и за носење важни емоционални
заклучоци. Во астролошка смисла, оваа Полна Месечина делува како симболично
огледало – сè што се појавува во него е она што треба да се препознае, прифати
и, конечно, да се отпушти.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ламин Јамал: Притисокот врз мене сега е поголем

Следно

Кому ќе му припадне богатството на Брижит Бардо- единствениот син не е ниту споменат во тестаментот

Latest from Blog

Нојер е неизвесен за мечот против Лајпциг, но ако брани – со сигурност нема да загуби

Мануел Нојер попладнево би можел да стане најстариот фудбалер што настапил за Баерн Минхен во Бундеслигата. Германскиот голман, доколку заигра против Лајпциг, ќе има 40 години и 204 дена и ќе го

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено
Go toTop