САД се закануваат дека ќе го забранат ТикТок, ова е нивниот услов

March 16, 2023
1 min read

Американската администрација се закани дека ќе го забрани TикТок во САД доколку кинеските сопственици на оваа социјална мрежа не го продадат својот удел во компанијата.

Гардијан денеска пишува дека потегот го покажува стравот на американските власти дека податоците од американските корисници што ги поседува компанијата би можеле да бидат пренесени на кинеската Влада.

Потегот на администрацијата на Бајден, исто така,  доаѓа во услови на глобална загриженост дека апликацијата може да се користи од Кинезите за шпионажа.

Велика Британија, Канада и Австралија неодамна ја забранија употребата на апликацијата во нивните парламенти.

САД веќе го забранија TиокТок од федералните владини уреди, но ова е првпат администрацијата на Бајден да се закани со потенцијална забрана на социјалната мрежа низ целата земја.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обиде да го забрани TикТок во САД во 2020 година, но беше блокиран од судовите.

Портпаролката на TикТок, Брук Оберветер, за бротанските медиуми изјави дека компанијата неодамна остварила контакт  со Комитетот за странски инвестиции во САД (CFIUS), предводен од Министерството за финансии на САД. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

САД е можно да го забранат Тик-ток на национално ниво доколку кинеските сопственици не се повлечат од компанијата

Следно

Поранешниот претседател Иванов на 26. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара

Latest from Blog

Индија и Пакистан договорија прекин на огнот

Индија и Пакистан се договорија за целосен и итен прекин на огнот, рече пакистанскиот вицепремиер Исхак Дар. Секретарот за надворешни работи на Индија, Викрам Мисри изјави дека и Индија и Пакистан „ќе

Протест „Марш на ангелите“ во Кочани

Молчешкум, со насолзени очи, но со високо кренати фотографии од своите загинати чеда, мајките од Кочани чии деца настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ и денес побараа правда за трагичниот случај што

ЕФА усвои резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од МАЕИ и ОМО Илинден Пирин

Европската слободна алијанса (ЕФА) на Генералното Собрание одржано во Нант, Франција денеска усвоила резолуција за заштита на македонскиот идентитет во земјите на ЕУ и земјите кандидати, поднесена од Македонска алијанса за европска

Убиството во Штип организирано преку мобилна апликација

Основното јавно обвинителство во Штип отвори истрага против петмина турски државјани осомничени за убиството на 25-годишен сонародник, што се случи вечерта на 8 мај во угостителски објект на Градскиот плоштад „Слобода“. Судот
Go toTop