Финскиот претседател вели дека Анкара донела одлука за членството на неговата земја во НАТО

March 16, 2023
1 min read

Турскиот претседател Ердоган претходно навести дека ќе ѝ даде зелено светло на Финска и рече дека Турција ќе го одржи ветувањето. Тој ќе се сретне со својот фински колега на 17 март

Финскиот претседател Саул Нинисто објави дека Турција одлучила да ја ратификува кандидатурата на неговата земја за членство во НАТО и најави дека ќе го посети Истанбул оваа недела за да ја слушне одлуката од турскиот колега  Реџеп Таип Ердоган, јавуваат агенциите. 

Претседателот на Финска, Саул Нинисто/Фото: EPA-EFE/MAURI RATILAINEN

 „Турците се надеваа дека ќе бидам таму за да добијам одговор кога ќе ја соопштат одлуката. Се разбира, ја прифатив поканата и ќе одам да го добијам неговото (на Ердоган) изразување на намера“,

рече Нинисто, пренесе АФП. 

Турскиот претседател Ердоган претходно навести дека ќе ѝ даде зелено светло на Финска и рече дека Турција ќе го одржи ветувањето. 

 Тој ќе се сретне со Нинисто на 17 март. 

 „Во петок ќе се сретнеме со господинот претседател, ќе го направиме она што го бара нашето ветување“,

изјави тој за новинарите. 

Ратификацијата на барањето за членство на Финска во НАТО ќе мора да помине на формално гласање во турскиот парламент. 

Финска, Шведска и Турција постигнаа трилатерален договор на самитот на НАТО во Мадрид во јуни, минатата година, но Анкара постојано изразува фрустрација поради, како што тврди неуспехот на Шведска да ги исполни своите обврски, истовремено истакнувајќи дека е задоволна од напредокот на Финска. 

Ердоган во повеќе наврати го критикуваше одбивањето на шведските власти да екстрадираат десетици луѓе наводно, како што тврди, поради поврзаност со курдските милитантни групи и други критичари на неговата влада. 

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во вторникот изјави дека веројатноста Финска да влезе во НАТО пред Шведска е „зголемена“ во последните недели, но нагласи дека влезот на неговата земја во Алијансата е само прашање на време. 

„Ќе продолжам со мојата работа за поддршка на членството на Шведска во НАТО“,

рече Нинисто, додавајќи дека разговарал за ова прашање со Кристерсон. 

Финска и Шведска ја напуштија својата повеќедецениска политика на воена неутралност и аплицираа за приклучување во западната алијанса минатиот мај, по руската инвазија на Украина. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ал Хилал на Меси му нуди 220 милиони евра по сезона

Следно

Студено време со ветер над 70 км/ч

Latest from Blog

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои

Ливерпул повторно без Гакпо, Баркола доби „зелено светло“ за настап

ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC/ Коди Гакпо е под знак прашалник за настап на денешниот натпревар на Ливерпул против Фулам во Премиер лигата. Холанѓанецот го пропушти дуелот со Атлетико Мадрид поради проблем со препоните, а тренерот
Go toTop