Ал Хилал на Меси му нуди 220 милиони евра по сезона

March 16, 2023
1 min read

Раководството на саудискиот прволигаш Ал Хилал е подготвено на фудбалерот на ПСЖ и аргентински репрезентативец Лионел Меси да му понуди договор кој вклучува заработка од 220 милиони евра по сезона, објави денеска угледниот шпански спортски весник „Марка“.

Весникот наведува дека Меси, во случај да ја прифати понудата за трансфер во Ал Хилал, би потпишал договор на повеќе години, а еден дел од парите би ги добил врз основа на договорот, додека другиот врз основа на маркетиншки активности.

„Меси во овој момент не е премногу заинтересиран за преселба во Саудиска Арабија, но неговиот татко неодамна беше фотографиран во Ријад каде, наводно, пристигнал за да разговара со локалните власти за изградба на градинка“, објави „Марка“’.

На почетокот на оваа година португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо се пресели во Саудиска Арабија потпишувајќи договор со Ал Наср до јуни 2025 година.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсени руски шпиони во Полска: Поставувале камери и подготвувале саботажа

Следно

Финскиот претседател вели дека Анкара донела одлука за членството на неговата земја во НАТО

Latest from Blog

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот

Барселона пронајде нов десен бек во Фиорентина, но ќе има конкуренција во Јувентус и Милан

Бразилскиот дефанзивец на Фиорентина, Додо, се најде на радарот на неколку европски гиганти и наскоро би можел да ја промени средината. Иако сезоната е во полн ек, најголемите европски клубови веќе ги

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува
Go toTop