Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

December 21, 2025
1 min read

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна вредност од 68,18 милиони денари и 15.278 тргувани хартии од вредност . Индексот МБИ10 неделата ја заврши со пад од 0,41%, на ниво од 10.091,11 поени, додека индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени, без позначајни промени.

Најтргувани хартии од вредност

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 30.446.550 денари
● Алкалоид АД Скопје (ALK) – 14.924.156 денари
● Макпетрол АД Скопје (MPT) – 5.861.013 денари

Блок-зделки

Во текот на неделата беа реализирани четири големи блок-зделки, во вкупна вредност од 245,47 милиони денари, меѓу кои:

● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 65,41 милиони денари
● Гранит АД Скопје (GRN) – 2,12 милиони денари
● Македонијатурист АД Скопје (MTUR) – 115,23 милиони денари

Топ добитници

● Реплек АД Скопје (RPK) +0,93%
● Макстил АД Скопје (MST) +2,34%
● ВВ Тиквеш АД Кавадарци (VVK) +0,03%

Топ губитници

● Гранит АД Скопје (GRN) –2,82%
● Комерцијална банка АД Скопје (KMB) –1,15%
● Алкалоид АД Скопје (ALK) –0,52%

Обврзнички пазар

Во текот на неделата беа реализирани три трансакции со државни обврзници од сериите „Денационализација 16“, „Денационализација 19“ и „Денационализација 23“, со вкупна вредност од 97.841 денар. Индексот ОМБ остана непроменет, со стабилни цени на обврзниците во опсег од 90 до 93,7 евра по обврзница.

Неделата од 15 до 19 декември 2025 година се карактеризираше со значителен обем на промет, главно поттикнат од големите блок-зделки со акциите на Комерцијална банка, Македонијатурист и Карпош. Индексот МБИ10 бележи пад од 0,41%, под влијание на корекциите кај Гранит и Комерцијална банка, додека Реплек и Макстил беа меѓу ретките добитници.

Обврзничкиот пазар остана со ограничена активност и стабилни приноси, одржувајќи ја генералната пазарна стабилност во последната целосна недела пред празничниот период.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Следно

Астон Вила го совлада Јунајтед и ја продолжи својата неверојатна серија (ВИДЕО)

Latest from Blog

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го
Go toTop