Со концертот „Бесмртна“: Бојана Скендеровски заокружи едно животно и уметничко поглавје

December 14, 2025
1 min read

Вчеравечер во Филхармонија не се одржа само
концерт
, вчеравечер се случи едно долго чекано признание… Признание на времето, на истрајноста и на сонот
што тивко растел, цели 23 години.
Бојана Скендеровски конечно ја отвори
сцената што ја носела во себе со години и ја претвори во музичка исповед, чиста
и искрена. Со првиот чекор на сцената беше јасно дека пред публиката не стои
девојката од почетоците, туку жена која знае што значи да се остане верен на
себе. Не настапуваше за да докаже, туку за да сподели. Не пееше за да
импресионира, туку за да раскаже. И токму затоа, секој тон звучеше вистински.

Концертот симболично насловен
„Бесмртна“ беше патување
низ нејзината музичка меморија
, од
првите фестивалски победи, преку хитовите што обележаа едно време, до песните
што денес ги носи.

Секоја нота имаше тежина, секој стих
зрелост. Во тие песни се слушаа годините, но и љубовта што никогаш не згаснала.
Музиката и пеењето беа во срцето на вечерта. Без наметнат спектакл, без врева.
Само глас, врвен музички состав и чувство дека сè е на своето место. Музичарите
беспрекорни
и
тивки сојузници на еден глас што знае кога да биде силен, а кога да шепоти.

Двете внимателно одбрани модни комбинации ја
следеа емоцијата на концертот
, а Бојана и во двете изданија елегантна, женствена и достоинствена. Секој детал беше дел од приказната, но
никогаш поважен од музиката. Посебна топлина донесоа и гостите Ламбе
Алабаковски, Миле Кузмановски и Сузана Спасовска
, и тоа не само како колеги, туку како
пријатели и сведоци на едно музичко патување. Нивните настапи беа чест, а не
обврска. Поддршка, а не формалност.

„Возбудена сум, среќна и благодарна. Ова
е нешто за што сонував долго време. Овој концерт е затворање на едно поглавје“,
рече Бојана.

И да, „Бесмртна“ не е крај, туку нов
почеток и
потврда за тоа дека кога музиката се живее, а не се
брза, таа останува.

Извор: vecer.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Реал славеше минимално, Чаби си ја сласи работата (ВИДЕО)

Следно

Мел Гибсон – холивудски заводник и бестрашен акционен херој, а зад камерата посветен татко на девет деца

Latest from Blog

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран

Советот на Прилеп одвои 14,5 милиони денари за спортот и граѓанскиот сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница – 14,5 милиони денари за спорт и граѓански сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки
Go toTop