Полицајците во шок- затекнале бебе како вози автомобил на автопат

December 12, 2025
1 min read

Во вторник вечерта, додека патролирале по автопатот А6, решиле да проверат еден автомобил бидејќи им се чинело дека возачот гледа во својот телефон.

Сепак, кога се приближиле до возилот, виделе глетка што долго ќе ја паметат, објавува Дојче веле.

Извршен е детален преглед

Штом се приближиле до автомобилот, виделе бебе како седи во скутот на жена, на седиштето на возачот и го држи воланот со двете раце!

Патролата веднаш ги вклучила светлата и го насочила возилото кон следниот излез од автопатот, во близина на градот Рамштајн, каде што бил извршен детален преглед.

Според властите, жената не покажала ни најмало разбирање за опасностите од ваквото возење. Таа тврдела дека двегодишното момче не се чувствувало добро и дека е на пат кон ресторан за брза храна.

Почнала официјална истрага

Сепак, ова објаснување не ја намалило сериозноста на прекршокот, изјавиле полициски службеници.

Против жената е покрената истрага, а надлежните органи се известени поради сомнение за загрозување на детето.

Во текот на постапката ќе се утврдат сите околности околу ова необично и исклучително ризично однесување на автопатот.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Eкс-фудбалерот на Челзи оди во пензија поради здравствени проблеми

Следно

Славен пејач падна од бината среде настап- го поддржа Џенифер Лопез (ВИДЕО)

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop