Работилница на Секторот за сообраќајни работи при МВР за индикатори за безбедност во сообраќајот

December 11, 2025
1 min read

Во организација на Министерството за внатрешни работи денеска се одржа работилница во чиј фокус беше Нацрт-методологијата за индикатори за безбедност во сообраќајот на патиштата во државата. На работилницата, која започна со воведно обраќање на началничката на Секторот за сообраќајни работи при МВР, Маја Арсовска Манов учествуваа повеќе претставници од различни засегнати страни и институции.

Документот е развиен од Министерството за внатрешни работи со поддршка од УНДП во рамки на Програмата за поддршка на имплементацијата на Националната развојна стратегија (НРС), која се спроведува во тесна координација со Генералниот секретаријат на Владата.

Методологијата ги опфаќа осумте клучни тематски области критични за унапредување на безбедноста на патиштата: брзина, сигурносни појаси и детски седишта, заштитни шлемови, алкохол и дрога, одвлекување на вниманието, возила, патна инфраструктура и постапување по незгода.

Овие методолошки рамки овозможуваат подобро разбирање на факторите на ризик и креирање поефикасни политики засновани на податоци.

Клучен сегмент на процесот е развивањето на Националната интегрирана база на податоци за безбедност на патиштата, како една од мерките предвидени со Националната развојна стратегија предводена од МВР. Новата геореференцирана ГИС-платформа ќе овозможи:

• унифицирано и стандардизирано собирање податоци,
• интеграција на историски и податоци во реално време,
• поефикасна анализа на трендови, ризици и критични точки,
• подобро планирање и приоритизација на интервенции од страна на институциите,
• зголемена јавна транспарентност и отчетност.

-Учество земаа претставници од сите релевантни институции, невладиниот сектор, бизнис заедницата, академската заедница и домашни експерти. На работилницата се разговараше за тоа како предложените индикатори ќе создадат поцврсти и поефикасни политики засновани на податоци, насочени кон поголема заштита на сите учесници во сообраќајот и намалување на последиците од несреќите. Националната интегрирана база на податоци за безбедност на патиштата (НИБПБП), предводена од МВР и поддржана од УНДП, ќе биде функционална во текот на 2026 година. Ова претставува клучна системска реформа која директно ја подобрува безбедноста за граѓаните, информира МВР.

Со Националната интегрирана база на податоци за безбедност на патиштата, МВР ќе обезбеди:

• побрзо и поточно идентификување на ризични локации,
• посилни превентивни мерки и навремени интервенции,
• увид во состојбата на патиштата во реално време,
• побрза реакција при инциденти,
• подобра распределба на ресурсите,
• поголема транспарентност кон јавноста.

Ова значи повеќе безбедност, помалку несреќи и поквалитетни политики, со директна корист за сите граѓани и за унапредување на националниот систем за безбедност на патиштата.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Излезе од печат првата разгледница со народни носии на Македонците од Албанија (ФОТО)

Следно

Instagram ја претстави опцијата „Вашиот алгоритам“: корисниците добиваат директна контрола врз препораките

Latest from Blog

Николоски: Македонското небо целосно покриено со најсовремени системи за контрола

Со инсталацијата на новиот ATM систем и новиот радарски систем во М-НАВ, Македонија го унапредува системот за контрола и безбедност на воздушниот сообраќај, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.
Go toTop