Фото: Леонардо Дикаприо откри зошто го крие лицето во јавност

December 10, 2025
1 min read

По години молчење и шпекулации, конечно откри зошто толку многу се трудел да остане надвор од фокусот.

Во интервју во чест на неговото прогласување за забавувач на годината на TIME, Дикаприо отворено зборуваше за постојаната борба помеѓу статусот на суперѕвезда и потребата за приватност, објавува Index.hr.

„Тоа е рамнотежа што се обидувам да ја одржам целиот мој возрасен живот, а сè уште не сум експерт во тоа“, призна тој. „Мојата филозофија е едноставна – излегувај и зборувај само кога имаш нешто да кажеш или кога имаш нешто да покажеш. Инаку, исчезнувај колку што можеш повеќе.“

Тој вели дека многу рано почнал да размислува за тоа како да преживее во Холивуд. „Размислував: „Добро, како е можно да имаш долга кариера? Ја сакам својата работа и верувам дека најдобриот начин да останеш во играта долго време е да се тргнеш од очите на јавноста.“ Оваа стратегија објаснува зошто е речиси невозможно да го видите без капа или заштитна маска – детали што станаа составен дел од неговата гардероба од пандемијата.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мачадо нема да присуствува на доделувањето на Нобеловата награда за мир во Осло

Следно

Мицкоски: Филипче, Фрчковски и Жерновски нека бараат мигранти кои се дел од договор – ако има јас ќе заминам, ако нема ќе мора да се извинат

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop