Петрушевски: Идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти

December 9, 2025
1 min read

Согласно идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ, партијата е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти, рече пратеникот Бране Петрушевски, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално.

Во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма Петрушевски посочи дека согласно идеолошката профилација на ВМРО-ДПМНЕ, партијата е насочена кон борба против илегалната миграција, а не либерализација на мигранти нешто коешто е својствено за одредени политички партии како и тоа дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема никаква намера да прифати никакви илегални мигранти, ниту, пак ,ќе се градат било какви шатори, кампови или хабови во делот на илегалните мигранти.

-Од она коешто значи идеолошка профилација на ВМРО-ДПМНЕ, ние како политичка партија апсолутно сме за борба против илегалната миграција, а не за либерализација на мигрантите, нешто што било својствено за одредени политички партии. Ние апсолутно немаме никаква намера да прифативме никакви илегални мигранти, апсолутно лага е дека ќе се градат било какви шатори, кампови, хабови во делот на илегалните мигранти. Она коешто ќе го направиме е да, борба со илегалната миграција, нешто за коешто и британскиот амбасадор во соопштението напомена, нешто за коешто е разговарано и во Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, којшто е јавен, којшто е дебатиран во Собрание, каде што апсолутно ништо од ова не е наведено, појасни Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски се осврна и на новиот проект Safe Country, со кој ќе се зајакне делот на граничното управување по пат на обезбедување на целата гранична линија на Македонија со соодветни технички камери и помагала, а во насока на спречување на илегална миграција како и нелегална трговија и шверц.

-Ќе го зајакнеме делот на граничното управување, денеска најави премиерот еден нов проект налик на ова коешто го имаме сега како Safe City, ќе имаме Safe Country каде што целата гранична линија на Република Македонија ќе биде обезбедена со соодветни технички камери и помагала, така што покрај спречување на илегалната миграција ќе се спречува шверц, нелегална трговија. За ваквите чекори коишто ги прави оваа Влада во делот на спречување на илегална миграција добиваме пофалби од членки на ЕУ во континуитет и во таа насока ќе продолжиме да работиме заедно со нашите стратешки партнери, рече Петрушевски.

На крај Петрушевски уште еднаш се повтори и нагласи дека едно е борбата против илегална миграција, за коешто впрочем Владата е за соработка со стратешките партнери, а илегалните мигранти се нешто за сосема друго и оваа Влада нема намера ниту да разговара, ниту пак да прифати што впрочем денес истото го истакна и премиерот Мицкоски.

-Ќе повторам, да не ја замајуваме јавноста, едно е борба против илегална миграција, за коешто сме за соработка со нашите стратешки партнери, сосема друго е илегални мигранти нешто за коешто апсолутно оваа Влада нема никаква намера ниту да разговара, ниту да прифати. И тоа денеска многу јасно го објасни премиерот, рече Петрушевски.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЛШ: Баерн од 0:1 до 3:1 против Спортинг! Карл урна рекорд, конечно и Дејвис заигра

Следно

Венецуелскaта добитничка на Нобелова награда му ја посвети наградата на Трамп – не може да ја подигне поради забрана за патување

Latest from Blog

Николоски: Македонското небо целосно покриено со најсовремени системи за контрола

Со инсталацијата на новиот ATM систем и новиот радарски систем во М-НАВ, Македонија го унапредува системот за контрола и безбедност на воздушниот сообраќај, информира вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар

ВЛЕН: На Ахмети му доаѓаат тешки денови, случајот „Груби“ отвора низа прашања

ВЛЕН отвора прашања околу политичките случувања во ДУИ и најавите на лидерот Али Ахмети за повлекување од активната политика, поврзувајќи ги со актуелните случувања околу Артан Груби. Во реакцијата се оценува дека

Видео: Јапонија погодена од рекордни врнежи. Илјадници заглавени на аеродром, четворица загинати во поплавите

Најмалку четири лица загинаа во поплавите, а многу домаќинства останаа без електрична енергија. Во делови од префектурата Чиба, која граничи со Токио, за 24 часа наврнаа повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи

Општина Битола: По пријавите од граѓаните, инспекторите со засилено присуство на терен

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.
Go toTop