Голем празник доаѓа во четврток

December 2, 2025
1 min read

Во четврток е Воведение на Пресвета Богородица.

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога.

Од Назарет до Ерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и ангелите Божји. Напред одеа девиците со запалени свеќи во рацете, потоа Пресветата Дева, водена од едната страна од Јоаким, а од другата од Ана. Беше украсена со царска благолепна облека и со украси, како што ? прилега на царска ќерка, на невеста Божја. Зад нив одеа многубројни роднини и пријатели, сите со запалени свеќи. Пред храмот имаше петнаесет скалила.

Родителите Ја кренаа Дева на првото скалило, а Таа тогаш сама брзо се искачи на врвот, кај што Ја дочека првосвештеникот Захарија, таткото на Св. Јован Предвесник. Кога првосвештеникот Ја зеде за рака, Ја воведе не само во храмот туку и во Светињата на светињите, каде што никој никогаш не влегуваше, освен архиерејот.

Св. Теофилакт Охридски вели дека Захарија бил „надвор од себеси и обземен од Бога“ кога Ја воведувал Дева во најсветото место во храмот, зад втората завеса, поинаку не би можела да се објасни оваа постапка. Во онаа прилика родителите на Дева Марија според Законот, Му принесоа жртви на Бога примија благослов од свештеникот и се вратија дома, а Пресветата Дева остана при храмот. Таа пребиваше во храмот цели девет години. Родителите Ја посетуваа често додека беа живи, особено блажената Ана.

А кога нејзините родители беа повикани да се престават кај Бога, Пресветата Дева остана сираче и не сакаше до нејзина смртта да се оддалечува од храмот ниту да стапи во брак. Бидејќи тоа беше спротивно на Законот и на обичајот во Израилот, кога наврши дванаесет години му ја дадоа на Св. Јосиф, нејзиниот роднина од Назарет, за под вид на свршеница да живее со него во девственост и привидно да го задоволи Законот. Зашто во тоа време не се знаеше во Израилот девојките да се заветуваат на девственост до крајот на животот. Пресвета Дева Марија беше прва таква доживотно заветувана девојка и Нејзе потоа Ја следеа незнајно мнозинство девственици и девственички.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нема влез, ни излез на „Евзони“, граничниот премин блокиран

Следно

ПОПАМЕТЕН ОД АЈНШТАЈН, дете со интелигенција IQ 260! ЈА НАПУШТИ НАУКАТА И ЗАМИНА ВО ОВА

Latest from Blog

Скалони: Ние сме посебни, тоа не е ароганција – тоа е срце!

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, не ги криеше своите емоции по победата на неговиот тим од 2:1, со која „гаучосите“ стигнаа до второто последователно финале на Светското првенство. Обраќајќи се пред

Пробиштип субвенционира клими, сончеви колектори и велосипеди – почна пријавувањето за 2026 година

Општина Пробиштип објави три нови јавни повици за субвенционирање на домаќинствата во 2026 година, со цел поттикнување на еколошките навики, заштитата на животната средина и користењето обновливи извори на енергија. Граѓаните од

Доцни исплатата на породилното

Наместо редовна финансиска исплата загарантирана со закон, неизвесност и доцнење. Мајки на породилно отсуство за Телевизија 24 реагираат дека речиси месец и половина им доцни надоместот. Исплатата за мај им била исплатена

Муцунски во Вашингтон на покана од Рубио, ќе учествува на конференција за политичкиот тероризам

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио ќе учествува на министерската
Go toTop