Средношколец почина во Скопје, дали причината е конзумирање дрога?

March 14, 2023
1 min read

Средношколец, матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ завчера починал како последица на предозираност од дрога. Неговите другар и сооченици, вчера на градските гробиште во „Бутел“ го испратиле Јован во своето вечно почивалиште.  Веста за починатиот матурант на социјалните мрежи ја објави професорката Виолета Ачковска. Во еден од коментари се огласи и мајката на Јован која ја потврди смртта на младиот тинејџер. 

Професорката Ачковска во нејзината објава тврди дека има неколку сомнителни смртни случаи на млади луѓе, ученици, на кои наводно им била ставена дрога во кафуле.

„Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоубиства. Можеби некој знае, но не оваа јавност која се’ уште е „траурна“ од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите“, напиша професорката на социјалните мрежи.

Сузаната Тренчевска, мајката на Јован во еден од коментарите ја потврди информација за смртта, без дополнителни детали за причината.

„Детето е Јован, мојот син, мојот ангел момче кое беше прекрасен син. Нажалост јас како мајка неуспеав да му се најдам тогаш кога најмногу сум му била потребна. Да се биде родител во оваа „држава“ е многу тешко без поддршка на „институциите“. „Институциите“ сигурно ќе го затворат случајот како самоубиство, затоа што така е најлесно. Моја е вината што тоа го дозволив и што останав тука да ги растам децата. За каде? За во Бутел“, пишува мајката на Јован во коментар.

Скопје Инфо побара и информација од Министерството за внатрешни работи од каде се очекува повеќе детали за трагичниот случај. Тие треба да дадат и информаци за тоа дали смртта настапила како последица од конзумирање дрога.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Кавадарчани исплашени: Човек облечен во бела мантија игра и фрла камења (ВИДЕО)

Следно

Средношколец почина во Скопје, неофицијално причината за смртта е дрога

Latest from Blog

ТРГНАЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗАГЛАВИЛ ВО ИСТАНБУЛ: Еве уште еден пример зошто не треба да му се верува на CHAT-GPT

Семејство во Русија заглавило во Истанбул, Турција, и не можело да го продолжи планираното патувањето за Македонија, верувајќи на погрешен совет од Чат Џи-ти-пи (ChatGPT) дека за влез во Македонија на руските

Хаос на „Богородица“: За влез во Македонија се чека и до четири часа, километарски колони на границата

Долги колони од вчера попладне има на границата меѓу Грција и Македонија на граничниот премин „Богородица“. Граѓани на социјалните мрежи коментираат дека чекањето трае и до четири часа. Колоните од автомобили, автобуси,

Николоски: Продолжува интензивната изградба на автопатот Прилеп – Битола

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, соопшти дека интензивно продолжуваат градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, оценувајќи го проектот како еден од најзначајните инфраструктурни зафати во земјава. Според Николоски, изградбата
Go toTop