СЕ ОГЛАСИ ЏЕЈЛА ПО ПРИВЕДУВАЊЕТО ВО КИЧЕВО: Целата документација беше уредна, проблемот настана по вина на организаторот

December 1, 2025
1 min read

Пејачката Џејла Рамовиќ се огласи по инцидентот во Кичево, каде што беше приведена заедно со нејзиниот бенд поради наводен настап без работна дозвола, и објави дека веќе во петок се враќа во Скопје на нов настап.

Рамовиќ во својата изјава тврди дека целата документација за настапот била уредна и дека проблемот настанал по вина на организаторот, поради што полицијата ја прекинала вечерта неколку минути пред крајот. Таа им се извини на присутните што дошле да ја слушаат и нагласи дека ситуацијата била надвор од нејзина контрола.

– Сакам да нагласам дека од моја страна и од страна на мојот бенд, сите потребни документи и дозволи за настапот во Кичево беа правилно подготвени и доставени до организаторот, со целосната постапка што редовно ја следиме кога доаѓаме во Македонија – вели Рамовиќ.

Таа додава дека организаторот ја уверил дека ги добил сите преостанати дозволи и дејствувал согласно договорот.

– И покрај ова, настапот беше прекинат неколку минути пред крајот, наводно поради недостаток на работни дозволи, иако нашата документација беше целосно во ред. Жал ми е за непријатностите што ги доживеаја сите што дојдоа на мојот настап. Ситуацијата се појави од причини на кои не можев да влијаам на никаков начин, ниту пак е вина на мојот тим и мене – изјави пејачката.

Рамовиќ повтори дека инцидентот нема да влијае на нејзината врска со македонската публика.

– Македонија е земја што многу ја сакам и секогаш сакам да се враќам. Исто ќе биде и сега, бидејќи веќе се дружиме во петок во Скопје – порача таа.

Инцидентот се случил во ноќта меѓу 29 и 30 ноември, кога полициски службеници од ОВР Кичево и РЦГР Запад влегле во угостителски објект каде настапувала Рамовиќ.

При контролата било утврдено дека таа и нејзиниот бенд настапуваат без потребната работна дозвола, по што биле приведени за натамошна постапка.

„Во објектот биле затекнати пејачката Џејла Рамовиќ (23) и нејзиниот бенд – К.Џ. (27), Е.П. (25), Ф.Ј. (28) и И.К. (24), сите државјани на Босна и Херцеговина. Според полицијата, групата работела без обезбедена работна дозвола, што претставува прекршок според Законот за странци“, информираат од СВР Охрид.

Случајот е пријавен до Основниот суд во Кичево, а против уметниците е поднесена прекршочна пријава.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДОКТОР ПО КВАНТНА ФИЗИКА НА 15 ГОДИНИ!

Следно

Божиновска: Усогласување со ЕУ регулативите како клуч за безбеден пазар на возила

Latest from Blog

Коло Муани се враќа во Јувентус за 38 милиони евра

Рандал Коло Муани и официјално ќе стане фудбалер на Јувентус. Претходно беше објавено клубот од Торино ќе го добие напаѓачот на ПСЖ  на позајмица со задолжителна откупна клаузула.  Според Џанлука Ди Марцио, целиот

Болсонаро не смее јавно да се појавува, па настапи како аватар на митингот на син му (ВИДЕО)

Настанот предизвика дебата за тоа како вештачката интелигенција би можела да ја преобликува претседателската трка во најголемата економија во Латинска Америка, пишува Ројтерс. „Ниеден затвор нема да ја замолчи надежта што ја

Владата одобри вработување на 300 приватни специјализанти

Владата донесе одлука со која се отвора можност за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи до крајот на годинава. Со вработувањето на 300 приватни специјализанти ќе се овозможи:

Нови спортски терени за битолските ученици – продолжува големата инвестиција во образованието

Се асфалтираат и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познатото во јавноста како турско училиште. Увид во градежните работи направи градоначалникот Тони Коњановски со одговорните за проектот кој предвидува два

САД ја поддржуваат енергетската независност на Македонија, порака од средбата Божиновска–Варнс

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс. Главен фокус на средбата беше динамиката во
Go toTop