Курти оптимист пред средбата во Охрид: Очекувам договор, но тоа не зависи само од мене

March 14, 2023
2 mins read

Планот за имплементација мора да се разговара во Охрид, а можеби и не само таму. Оптимист сум, но сега, дали ќе успее, тоа не зависи само од мене. Се понудив да го потпишам европскиот предлог на 27 февруари во Брисел, но другата страна ниту беше подготвена ниту заинтересирана, вели косовскиот премиер

Фото: EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека за планот за имплементација на европскиот предлог не треба да се разговара само во Охрид. Сепак, тој изрази оптимизам дека договорот ќе биде постигнат на средбата на 18 март во Охрид, но додаде и дека тоа не зависи само од него, пренесува косовскиот медиум „Косова прес“.

„Го знаеме ставот на Србија, но морам да се повикам на тоа што го договоривме. Планот за имплементација мора да се разговара во Охрид, а можеби и не само таму. Оптимист сум, но сега, дали ќе успее, тоа не зависи само од мене. Се понудив да го потпишам европскиот предлог на 27 февруари во Брисел, но другата страна ниту беше подготвена ниту заинтересирана“ ,

рече Курти.

Премиерот тврди дека секој неуспех во дијалогот никогаш не бил по негова вина, а тој бил посветен, конструктивен и креативен.

Вучиќ и Курти на 18 март ќе се сретнат во Охрид во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ, а домаќин ќе биде високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Во пресрет на средбата во Охрид, претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, изјави дека Србија и Косово треба да го искористат моментот и да го прифатат планот на Европската Унија (ЕУ) за нормализација на односите, што е клучно за стабилноста на целиот регион.

Специјалниот пратеник на Европската Унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, во изјава за Српската радиотелевизија (РТС) кажа дека во Косово мора да се формира Заедница на општини со српско мнозинство (ЗСО) и нагласи „ако ја нема Заедницата, нема ниту договор“.

Предлогот на ЕУ, за кој српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти постигнаа согласност на средбата во Брисел, потенцира Лајчак, говори за нормализација на меѓусебните односи, а не за капитулација. Целта, додаде тој, не е некој да победи или да загуби.

Американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, утре пристигнува во посета на Белград каде што ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, јавува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Посетата на високиот американски дипломат доаѓа во пресрет на средбата на лидерите на Косово и Србија на 18 март во Охрид, на која двете страни треба да разговараат за анексот на предлогот на Европската Унија за нормализација на односите.

Според неофицијални информации на РСЕ, Ескобар по Белград ќе ја посети Приштина каде што ќе има средби со тамошниот државен врв.

Планот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е познат и како француско-германски план бидејќи беше формулиран од советниците на германскиот канцелар и францускиот претседател, Јенс Плетнер и Емануел Бон, а им беше претставен на Вучиќ и Курти во септември минатата година.

Извештајот за преговорите меѓу Вучиќ и Курти ќе биде разгледан на состанокот на Европскиот совет на 23 и 24 март.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Руски авион ловец Су-27 се судри со американски дрон MQ-9 Reaper над Црното Море

Следно

Бајден издаде декрет за детална проверка на купувачите на оружје

Latest from Blog

Во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на романот „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се случи промоцијата на актуелниот роман „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков. Авторката и психологот/психотерапевт Марија Стефанова ќе ја претстават содржината на овој кус, но

Велика Британија, Франција и Германија го осудија продолженото израелско блокирање на помошта за Газа

ЛОНДОН (АА) – Велика Британија, Франција и Германија денес го осудија продолженото блокирање на хуманитарната помош за Појасот Газа од страна на Израел, барајќи итно обновување на непреченото доставување на помошта и

Ќе се доцни ли со правосудните реформи? Мицкоски: Обвинителството и судството се неми и неефикасни

Премиерот Христијан Мицкоски повторно ги критикуваше обвинителите и судиите. На дебата посветена на реформската агенда усогласена со Европската Унија, тој истакна дека не може да има европско општество ако обвинителот бира по
Go toTop