Млада пејачка почина откако направила естетска операција

November 27, 2025
1 min read

Според локалните медиуми, Мајерли била хоспитализирана во Богота поради сериозни здравствени проблеми што се појавиле по процедура во козметичка клиника.

Иако се сомнева дека оваа интервенција ги предизвикала компликациите што довеле до нејзината смрт, сè уште не е познато каква операција имала.

Трагичната вест ја потресе јавноста во Колумбија, а обожавателите бараат истрага за да се утврди што точно се случило.

Властите веќе покренаа постапка за разјаснување на околностите што доведоа до трагедијата.

Својата кариера ја започнала на 14-годишна возраст

Мајерли Дијаз се сметала за исклучително талентирана пејачка, која ја започнала својата кариера како тинејџерка. Публиката ја сакала поради нејзината енергична мешавина од поп-музика и традиционален колумбиски фолклор.

Нејзините најпознати хитови „La Gata de mi Hermana“ и „No Supiste Perder“ забележаа голем број слушања на музичките платформи.

Таа зад себе остави две деца, на возраст од 11 и 13 години, што го прави случајот уште поболен за нејзиното семејство и за сите што ја познаваа.

Менаџерот се збогува со пејачката со трогателни зборови:

– Нејзината страст и глас ги претставуваа нашите луѓе. Ќе ја паметиме по скромноста и радоста што ја носеше со секоја песна – рече менаџерот.

Само две недели пред нејзината смрт, таа ја објави својата последна песна на Инстаграм, малку знаејќи дека тоа ќе биде нејзиното последно обраќање до публиката.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во 21-ви век… ЈОВАНА ЈЕРЕМИЌ ТВРДИ ДЕКА КОЛЕГИТЕ ОД ТЕЛЕВИЗИЈАТА И ПРАВЕЛЕ ЦРНА МАГИЈА

Следно

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop