Утре почнува Божиќниот пост, овие правила треба да ги знае секој кој пости

November 27, 2025
1 min read

Постот ќе трае 40 дена, односно до Божиќ, 7 јануари, денот на раѓањето на Исус Христос. Бидејќи датумот на Божиќ не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември, а завршува на Бадник, 6 јануари.

Христијанскиот пост е воведен по примерот на Исус Христос, кој 40 дена поминал во пустина во пост и молитва. Постот претставува духовна и телесна подготовка на човекот за влез во тајната на претстојниот празник.

Божиќниот пост е втор по должина на траење, веднаш по велигденскиот. Во однос на „строгоста“ за употреба на храна, божиќниот пост е „поблаг“, бидејќи дозволува користење вино, масло за јадење и риба.

Во Православната црква практика е во текот на божиќниот пост верниците да се исповедаат и по можност да се причестат за да бидат што подостојни во подготовката за празнување на Христовото раѓање – Божиќ. Целта на постот е да се „исчистат“ духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. За време на божиќниот пост, посни се и сите славски трпези.

Според типикот на црквата, божиќните пости се постат на следниот начин: понеделник, вторник и четврток на масло, среда и петок строг пост, сабота, недела и празници е допуштено риба. За монаштвото е благословено и понеделник да е строг пост, а за мирјаните кои имаат именден или куќна слава е благословено употреба на риба.

Со Канонот на Православната црква се предвидени еднодневни и повеќедневни пости.

Еднодневните пости се во среда и петок, Водокрст на 18 јануари, Отсекувањето на главата на св. Јован Крстител на 11 септември и Крстовден на 27 септември.

Повеќедневни пости се велигденските, петровденските, богородичните и божиќните пости.

Лицата кои доследно ги почитуваат правилата постат и секоја среда и петок, бидејќи тоа се деновите кога Христос е осуден и кога умрел на крстот.

Божиќниот пост, како и останатите повеќедневни постови, датира од првите векови на христијанството и се споменува во делата на светите лица од 4 и 5 век.

Првобитно постот траел седум дена, а одлуката христијаните пред празникот – Раѓањето Христово да постат 40 дена е донесена на Собор во 1166 година.

Траењето на божиќниот пост се објаснува и со четириесетдневното патување на тројцата мудреци до Витлеемската пештера, во која на 25 декември е роден Богомладенецот Исус. Затоа се вели дека постот е ѕвезда водилка за сите кои христијанството го одбрале за своја вера, како што за мудреците кои верувале во пророштвото за раѓањето на Спасителот единствена водилка била најсветлата ѕвезда на небото, која се движела од западот кон истокот и која ги довела во Витлеем.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ексклузивно интервју со Изет Меџити: За политичките одлуки, приватниот живот, односите во Владата и поразот на ДУИ

Следно

Нов биланс од Хонг Конг – 55 мртви, десетици критично повредени, стотици се бараат

Latest from Blog

Општина Прилеп избра Локално собрание на млади со 24 претставници

Општина Прилеп го избра Локалното собрание на млади пред кое претстои конститутивна седница за почетокот на новиот мандат на делегатите и нивните заменици, по чие конституирање ќе биде објавен повик за претставници

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е стабилен, обврските се сервисираат навреме

Буџетот е во стабилна и добра кондиција и сите обврски се сервисираат навремено и непречено, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Таа апелираше да

Менкиноски во „24 Анализа“: Колективната одговорност не носи правда за „Кочани“

Aдвокатот Тони Менкиноски, во своето гостување во емисијата „24 Анализа“, изјави дека судскиот предмет познат во јавноста како „случајот Кочани“ е осуден на неуспех. Дебатирајќи за слабостите во правосудниот систем и текот

Заврши испитувањето на Хилари Клинтон во истрагата на Претставничкиот дом на САД за Епстин

По сесијата зад затворени врати пред Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на САД, Хилари Клинтон изјави дека „одговорила на секое нивно прашање колку што можела поцелосно врз основа на она што го
Go toTop