Петрушевски: СДС го партизираше правосудниот систем, неопходни се реформи и кадровско освежување

November 26, 2025
1 min read

Во вчерашната емисија „24 Анализа“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој упати остри критики за состојбата во македонското правосудство, истакнувајќи дека судството со години се соочува со негативни оценки и не е на ниво на задача.

„Генерално во Република Македонија правосудството во континуитет добива негативни критики од сите извештаи и факт е дека правосудството не е на ниво на задача на која што треба да биде и затоа имавме серија на обиди најпрвин да апострофираме да сфатат самите, оние мал дел од судиите и обвинителите коишто се заробени од страна на опозицијата, дека мора да се реформираат и дека мора да испорачаат правда за граѓаните“, вели Петрушевски.

Пратеникот Петрушевски посочи дека за време на владеењето на СДС наместо реформи, правосудниот систем бил дополнително партизиран и како показател за нефункционалноста го наведе неработењето на Судскиот совет.

„Низата постапки кои беа направени изминатиот период кога СДС беше на власт наместо да придонесат кон реформа на правосудниот систем тие дополнително го заглавија и партизираа преку свои влијанија, луѓето коишто го доведоа правосудството во ваква ситуација не може да очекуваме дека истите можат да го подобрат. При ваква состојба на судството, при вакви пресуди кои што ги имаме со ваква доверба од 2%, Судскиот совет изминативе неколку години не разрешил ниту еден судија“, вели Петрушевски.

Петрушевски оцени дека неопходни се сериозни реформи, со цел воспоставување независен и професионален правосуден систем.

„Во делот на финансиска независност на правосудниот систем веќе имаше изјави од премиерот дека до крајот на оваа година ќе бидат донесени законите коишто значат одредување на процент од буџетот коишто ќе одат за судскиот и јавно обвинителскиот систем , тие со тие пари ќе располагаат комплетно и за плати и за вработувања и за техничко функционирање, ќе бидат независни.
Поголеми реформи кои ни се потребни во правосудниот систем се кадровските реформи, ни требаат нови луѓе коишто ќе ја променат сликата на правосудниот систем“, рече Петрушевски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Млада американска пејачка е убиена во заседа

Следно

Кардиохирург стави точка: Вака консумирањето јајца влијае на вашиот животен век

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop