Стефковски: 2022 е успешна година за општина Гази Баба

March 14, 2023
1 min read

Советот на општина Гази Баба на својата редовна седница на усвои завршната сметка на Општина Гази Баба за 2022 година.

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Бобан Стефковски информираше за донесената одлука.

– Почитувани граѓани на општина Гази Баба,

Денес на дневен ред на редовната седница на Советот на општина Гази Баба се разгледуваа годишниот извештај и завршната сметка на буџетот на општина Гази Баба за 2022 година.

Со посебно задоволство сакам да истакнам дека зад нас оставаме успешна година, а за тоа говорат и бројките.

Комплетната реализација на основниот буџет во својата расходна страна изнесува 73,04%. Ако направиме споредба со последните четири години, односно од 2018та до 2021 година, оваа година општината бележи најдобра реализација на буџетот.

Доколку ја погледнеме реализацијата на програмите кои се составен дел од буџетот, исто така можеме да заклучиме дека оваа година е забележана најдобра реализација во споредба со претходните четири години.

Посебно ќе истакнам три програми:

ФА програмата – преставува програма преку која се реализираат капиталните инвестиции во општината. Оваа програма бележи реализација од 226.885.698 денари, или 71,27%, што е најголема реализација на оваа програма во претходните четири години, а тоа се должи на реализацијата на над 210 проекти во текот на 2022 година.

Програмата за Заштита на животната средина оваа година бележи реализација од 6.312.336 денари или 74,70% од планираното. Висината на овие реализирани средства е повеќе од сите претходни четири години заедно, што е доказ дека Заштитата на животната средина е на врвот на моите приоритети.

Програмата за Спорт оваа година бележи реализација од 8.529.500 денари, или 83,25% од планираното. Доколку направиме споредба со изминатите четири години ќе се види дека реализираните средства за поддршка на спортот во 2022 година се повеќе од средствата кои се реализирани во изминатите четири години.

Почитувани сограѓани,

Бројките сами по себе говорат за нашата работа.

Место за непродуктивни трошоци во моето работење како градоначалник нема. Во периодот од 2018 до 2021 година за репрезентација се потрошени 1.754.848 денари од буџетот на општината, а во 2022 година се потрошени НУЛА денари.

Јас како градоначалник за разлика од сите пред мене, не се возам во служена кола и не користам средства од буџетот за нафта.

Така е и така ќе биде, се додека јас сум градоначалник на општина Гази Баба, напиша Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Компанијата МЕТА укинува уште 10 илјади работни места

Следно

Барселона и официјално обвинета за корупција

Latest from Blog

ОВА СЕ ДОБИТНИЦИТЕ: МОК ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година

На свечена церемонија во Скопје, Македонскиот олимписки комитет ги додели наградите „Златна Олимпија“ за 2025 година на најуспешните спортистки, тренерки и спортски работнички, како и на оние кои придонесуваат за развој на

Ѕвездата на серијата „Луд, збуњен, нормалан“ се откажа од награда по пресудата за педофилија

Како што објави „Вијести онлајн“, Касумовиќ одлучи да се откаже од наградата „3 јануари“, највисокото општинско признание на Бијело Поље, кое му беше доделено во 2017 година, пренесе Индекс. Испрати соопштение за

Новогодишна лото грозница во Словенија- тикети се препродаваат и за 10.000 евра

За само осум дена беа продадени сите 450.000 тикети, па многумина ја пропуштија шансата да учествуваат во извлекувањето на големите награди. Во меѓувреме, тикетите се појавија во онлајн реклами, а поединци бараат

Гвадалахара не успеа да направи изненадување, Барса се пласираше во следната рунда на купот

фото: FC Barcelona (X) Фудбалерите на Барселона потешко од очекуваното го совладаа третолигашот Гвадалахара со 0:2 и се пласираа во следната рудна од Купот на Кралот. Избраниците на Ханси Флик во финишот

Тренчевска и Трајановски се нови потпретседатели на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, по завршувањето на вечерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. -На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз
Go toTop