Ласовска: Ниту една трагедија нема да остане без одговорност, со Анкетната комисија ќе се утврди каде затаил системот

November 24, 2025
1 min read

Во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска која истакна дека со иницијативата за формирање на Анкетната комисија ќе бидат утврдени околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во државата, како за последната во дискотеката Пулс, така и за Модуларната болница во Тетово, Дурмо турс и сообраќајната несреќа на Беса Транс.

-Денеска ние излеговме со предлог и доколку ние навистина сакаме и целата јавност да го расчистиме овој случај нека се допотпишат на нашата иницијатива и како зрели возрасни луѓе и политичари треба да ја одржиме таа Анкетна комисија бидејќи јавноста бара одговори за сите овие случаи и ние како општество генерално треба да дадеме одговори за сите овие случаи, каде затаил системот и кој бил виновен. Никогаш не е доцна да ги извадиме одговорите на површина и одговорноста, вели Ласовска.

Пратеничката Ласовска посочи дека целта не е политизација на трагедиите туку идентификација на вистинските виновници и порача дека Собранието има обврска да ги расчисти сите нејаснотии, бидејќи јавноста очекува одговорност и транспарентност.

-Сметам дека ние како Собрание мораме тоа да го направиме. Денеска ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ излеговме со прес – конференција, немаме намера апсолутно никого да заштитуваме за една таква ужасна трагедија и колективна болка, нема потреба никого да криеме, напротив треба одговорите да ги виде јавноста. Не смееме ние како држава да дозволиме да има неодговорени прашања за вакви катастрофални состојби. Треба да бидеме заедно, да направиме заеднички заклучоци, се надевам тоа нема да биде дневна политика, ова трагедија не заслужува да биде дневна политика, ниту другите претходно. Треба на виделина да ги извадиме сите виновни, рече Ласовска.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Прилеп ја засилува транспарентноста во планирањето на буџетот

Следно

Мерц: Русија мора да се врати на преговарачката маса

Latest from Blog

Коњановски: Битола ги слави слободата и достигнувањата на своите сограѓани

Актерката Соња Михајлова е добитничка на наградата „4 Ноември“ за животно дело, додека признанијата за едногодишни достигнувања им припаднаа на професорот д-р Горан Илиќ, д-р Маргарита Камбовска и спортскиот учител Кире Марков.

Европската комисија препознава конкретни резултати во трансформацијата на македонската енергетика

Македонија остварува напредок во трансформацијата на енергетскиот сектор, пред сè преку забрзаниот развој на обновливите извори, проширувањето на организираниот пазар на електрична енергија и новите инфраструктурни поврзувања со соседните земји. Овие промени

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација
Go toTop