ЕДНА ЕМОЦИЈА МОЖЕ ДА ГО СКРШИ И НАЈСИЛНИОТ БРАК – запратете ја пред да биде предоцна

November 23, 2025
3 mins read

Огорченоста е тивок уништувач на односите. Ненаметливо се
вовлекува во бракот или врската, зазема простор и полека расте сè додека не
експлодира во налет на бес или не ја задуши љубовта до таа мера што сè завршува
со развод. Со други зборови, огорченоста мора да се препознае и разјасни на
време, за да се спречи наталожениот бес да прерасне во сериозни проблеми во
односот.

„Огорченоста настанува кога проблемите не се кажуваат и не
се решаваат, туку се потиснуваат“, објаснува терапевтката Чезити Чендлер,
лиценциран советник за ментално здравје и интимност. „Тоа не се случува преку
ноќ. Со години се наталожува, додека фокусот од врската не се префрли на
кариерата, децата или секојдневните обврски.“

Еден од првите знаци на огорченост е моментот кога повеќе не
уживате во присуството на партнерот. Наместо со нетрпение да чекате да се
видите, повеќе би останале подолго на работа или би измислиле изговор да го
избегнете домот и обврските. Слично се случува и со интимноста
самата помисла на физички контакт предизвикува
непријатност. Ако сè уште го сакате партнерот, но веќе не го сакате како
личност, тоа е сериозен предупредувачки сигнал.

Сепак, добрата вест е дека огорченоста може да се запре и
излекува. Стручњаците го советуваат следново:

1. Разговарајте отворено

Првиот чекор кон решавање на проблемите е искрен разговор.
Отворената комуникација е темел на секоја здрава врска. Со партнерот редовно
разговарајте за вашите потреби, очекувања и за тоа што можете да направите за
односот да биде балансиран и фер.

Кога комуникацијата недостасува, меѓу вас се создава јаз во
кој огорченоста лесно пушта корени.

„Не губете време на викање“, советува Чендлер. „Наместо тоа,
смирете се, размислете што сакате да кажете и искажете го јасно.“

Истражувањата потврдуваат дека директната комуникација,
преку која јасно ги изразувате проблемите и потребите, многу побрзо води кон
решавање на конфликтите отколку пасивното молчење.

2. Научете да го разликувате бесот
од огорченоста

Бесот е моментална емоција, сигнал дека нешто не е во ред и
дека треба да се промени. Ако се изрази на здрав начин, може да помогне да се
реши проблемот. Огорченоста, пак, настанува кога тој бес долго време останува
неизговорен.

„Кога емоциите остануваат необработени, стануваат познати и
удобни, па огорченоста почнува да расте,“ објаснува терапевтката Мелиса Коутс.
„Учењето како да го ослободите бесот е клучно за огорченоста да не преземе
контрола.“

3. Направете заеднички план и
придржувајте се до него

Една од најчестите причини за огорченост е чувството дека
сте „заробени“ во секојдневните обврски, без време за себе.

„Самостојноста е клучна за здрав однос“, вели Чендлер. „На секој
партнер му треба време за хобија, пријатели и лични интереси, но и заедничко
време за парот.“

Коутс додава дека поделбата на обврските не мора секогаш да
биде 50/50 – важно е да се најде рамнотежа и да се почитуваат моменталните
околности.

Ако сте преоптоварени, побарајте помош, и дозволете му на
партнерот тој да го направи истото кога му е потребно. Истражувањата покажуваат
дека врските во кои партнерите си даваат слобода едни на други траат подолго и
се поисполнети.

4. Престанете да очекувате дека
партнерот ќе „чита мисли“

Многу парови паѓаат во замката да мислат дека партнерот
„треба да знае“ што чувствуваме или што сакаме. Но никој не може да чита туѓи
мисли.

За да спречите огорченост, научете да ги препознавате и
јасно да ги изразувате вашите потреби. Истото важи и за партнерот.

„Доволно е тешко да ги разберете сопствените потреби, а
камоли туѓите“, потсетува Коутс. „Затоа комуникацијата мора да биде отворена и
искрена.“

5. Продолжете да се забавувате
заедно

Кога исчезнува поврзаноста и заедничките моменти,
огорченоста лесно расте. Ако не го храните односот со внимание и близина,
љубовта се лади.

Затоа продолжете да излегувате, да планирате активности и да
уживате во друштвото еден на друг.

„Вечер за состанок е поевтина од брачна терапија“, вели
Чендлер со насмевка. Времето поминато заедно му помага на партнерот да се
почувствува сакано и ценето, не само како сопружник или родител, туку како
личност.

Студиите покажуваат дека паровите кои барем еднаш неделно
поминуваат квалитетно време заедно се три и пол пати позадоволни од својот
однос од оние кои тоа не го прават.

6. Не плашете се од терапија

Ако сте се обиделе со сè, а сè уште не успевате да се
поврзете, нема ништо лошо во тоа да побарате стручна помош. Понекогаш неутрална
трета личност е токму тоа што му е потребно на парот за да добие нова
перспектива.

„Барањето помош не е знак на слабост, туку на зрелост“, вели
Чендлер. „Не чекајте односот да биде на работ. Побарајте помош сега – тоа е
знак дека навистина ви е важно.“

Огорченоста не настанува преку ноќ — таа тивко се гради од
неизговореното и потиснатото. Но ако се препознае на време и ако постои волја
за разговор, разбирање и промена, може да стане можност за подлабока
поврзаност. Љубовта не е отсуство на конфликт, туку способност заедно да
растеме преку него.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Албанија поплавени околу илјада домови и 1.500 хектари земјоделско земјиште- свлечиште затрупа нов автопат (ВИДЕО)

Следно

Бијонсе во тркачка јакна со бујно деколте беше главна ѕвезда на Ф1 Гранд при во Лас Вегас (ВИДЕО)

Latest from Blog

СЕДМИОТ ГОСПОДАР НА ДАУНИНГ СТРИТ: Кој е Енди Барнам, човекот што ја презеде британската премиерска фотелја?

Како нов лидер на владејачката Лабуристичка партија, Енди Барнам стана 59-ти премиер на Обединетото Кралство на 20 јули. Барнам, кој има 56 години, доби широка поддршка во Лабуристичката партија за преземање на

Претседателот на КОНМЕБОЛ тврди: СП во 2030 ќе биде со 64 репрезентации!

фото: FIFA World Cup Stats (X) Претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез, изјави дека Светското првенство во 2030 година сигурно ќе се одржи со учество на 64 репрезентации. „Следниот турнир

ПРЕСВРТ И ПРОТЕСТИ ВО УКРАИНА, Зеленски доби ултиматум: „Мора да си оди, крајниот рок е петок!“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се соочи со продлабочување на кризата околу неговото воено лидерство во понеделникот откако популарниот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, кого го разреши минатата недела, ја отфрли неговата

Гостиварци пиеле фекалии од чешма од 26 јуни до 16 јули – водата содржела 48 пати повеќе колиформни бактерии од дозволеното

Гостиварци пиеле вода од чешма загадена со фекалии 48 пати над дозволените граници, покажале резултатите од земените мостри од Институтот за јавно здравје, кои што вечерва ги сподели Основното јавно обвинителство. Пумпите

Паредес одиграл три натпревари со скршено ребро

фото: GOAL @goal (X) Аргентинскиот играч од средниот ред, Леандро Паредес, ги одиграл последните три натпревари на Светското првенство со скршено ребро. Како што објави новинарот Мартин Аревало, играчот играл со оваа
Go toTop