Се жалел на страшни болки во стомакот- докторите занемеле кога виделе што има внатре

November 22, 2025
1 min read

Тој само објаснил дека веќе некое време „не можел да дефецира“ и дека чувствувал „силен притисок“ во стомакот, објавува Дејли Стар.

„Туѓо тело“

Лекарите истакнуваат дека човекот изгледал видливо вознемирен и не сакал да одговара на прашања, одбивајќи да објасни што претходело на неговите проблеми.

Дури по рендгенската снимка била откриена причината за проблемот, многу понеобична отколку што докторите можеле да замислат.

Имено, скенирањето јасно покажало „туѓо тело“ длабоко во ректумот на пациентот. Станувало збор за керамичка чаша со димензии 8×6 сантиметри!

Тој тогаш рекол дека сè се случило „случајно“.

Ништо не сакал да открие

Со оглед на тоа што предметот не можел да се отстрани природно, тимот лекари бил принуден да изврши сложена, двочасовна операција, за време на која бил отстранет преку дигестивниот тракт.

Пациентот, кој претходно се обидел сам да го реши проблемот, не можел да предизвика празнење на цревата и затоа побарал итна медицинска помош.

Иако операцијата била успешна, тој не сакал да открие како се случил „инцидентот“.

Еден од хирурзите подоцна ја предупредил јавноста дека вметнувањето туѓи предмети во телото може да доведе до сериозни повреди, па дури и до фатални последици. Тој изјавил дека во минатото виделе разни предмети вметнати во пациентите – од бејзбол палки до вибратори, па дури и кокосови ореви?!

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Жолтата подморница“ преку Мајорка до четврта победа во низа

Следно

ВИДЕО: Во Колумбија запленети рекордни 14 тони кокаин

Latest from Blog

Монако го шокираше ПСЖ среде Париз

ФОТО:.facebook.com/asmonaco Европскиот шампион го претрпе првиот пораз оваа сезона во Лига 1, во дербито против Монако, кој фуриозно ја започна новата сезона со сите три победи, и тоа на “Паркот на принцовите“

Поради величење на Ратко Младиќ: УЕФА ги казни Ц.Звезда и Борац Бања Лука

ФОТО:x.com/crvenazvezdafk Црвена звезда вечерва дозна лоши вести од УЕФА, а причината е одлуката на дисциплинската комисија на Европската куќа на фудбалот поради однесувањето на навивачите на српскиот шампион за време на натпреварот

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

Програмата, која нуди низа попусти и бенефиции, беше лансирана во јули со цел жителите да станат амбасадори на градот, пишува Euronews. На учесниците им беа понудени бенефиции во вредност од повеќе од
Go toTop