Како студот влијае на човечкото тело?

November 22, 2025
2 mins read

Пред доаѓањето на зимата и студениот бран што носи пад на
температурите, стручњаците потсетуваат дека студеното време може забележливо да
влијае на различни делови од телото. Имено, студот влијае на човечкото тело на
повеќе начини, бидејќи организмот се обидува да одржи стабилна телесна
температура.

1. Имунолошки систем

Студеното време создава идеална средина за размножување на
вируси.

„Вирусите полесно преживуваат и циркулираат во студен, сув
воздух, а исто така повеќе време поминуваме во затворен простор, што го
зголемува блискиот контакт и преносот. Студениот воздух може и да ја намали
локалната одбрана на носот забавувајќи ја слузта и ситните влакненца наречени
цилии кои ги отстрануваат вирусите“, објаснува д-р Агату.

„Покрај тоа, наглите падови на температурата можат да го
зголемат нивото на стрес-хормони, што привремено може да го ослаби имунитетот.
Поради овој вкупен ефект, зиме има тенденција да се јавува повеќе кашлица, грип
и респираторни инфекции,“ нагласува таа.

2. Кардиоваскуларен систем

„Студеното време предизвикува состојба наречена
вазоконстрикција – стеснување на крвните садови, особено во рацете, нозете и
кожата. Тоа може да го зголеми крвниот притисок и бројот на срцеви отчукувања и
да влијае на тоа колку напорно срцето мора да работи“, истакнува д-р Агату и
додава дека луѓе со историја на срцев удар, хипертензија, срцеви болести,
дијабетес, како и пушачите – се особено подложни.

3. Респираторен систем

„Студениот, сув воздух може да ги иритира дишните патишта и
да предизвика бронхоспазам – нагло стегање на мускулите на дишните патишта. Ова
може да предизвика стегање во градите и доведе до недостаток на воздух или
напади на кашлица, особено при брзо преминување од топло во студено
опкружување“, вели д-р Агату.

Луѓето со постојни белодробни заболувања како астма или
хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) се особено ранливи бидејќи
студеното време може значително да ги влоши нивните симптоми.

„Нивните дишни патишта веќе се воспалени и стеснети, па
изложувањето на студ може да поттикне хиперреактивност на дишните патишта. Тоа
значи дека многу поверојатно е дека ќе почувствуваат свирење во градите,
кашлица или недостаток на воздух во текот на студените месеци,“ додава таа.

4. Кожа

Ниските температури можат да поттикнат егзема или Рејноов
синдром/болест.

„Зимските услови се класичен активатор на егзема. Студениот
воздух е сув, грењето во затворен простор е суво, и со таа комбинација се
намалува функцијата на кожната бариера, се зголемува губењето вода и се
појавуваат иритирани, воспалени делови од кожата. Дури и кај луѓе кои немаат
тешка егзема, може да се јави екстремно сува кожа, чешање и воспалени флеки“,
вели д-р Агату.

Таа потсетува и дека Рејноовата болест е состојба при која
малите крвни садови на прстите од рацете и нозете претерано реагираат на студ и
предизвикуваат привремено стеснување.

„Ова може да предизвика промена на бојата – рацете понекогаш
стануваат бели, потоа сини, па црвени. Кога крвотокот ќе се врати, може да се
јави силно пулсирање и пецкање,“ објаснува таа.

5. Болка и вкочанетост
во зглобовите

Во зима луѓето обично се помалку активни, а тие неактивни
денови можат да ја зголемат болката во зглобовите, особено кај артритис.

„Една од причините е намалениот проток на крв во мускулите и
меките ткива на студ, што предизвикува поголема укоченост. Луѓето се и помалку
активни, а неактивноста може да ја зголеми болката во зглобовите, особено кај
артритис. Многу луѓе со состојби како остеоартритис, ревматоиден артритис или
хронични болни состојби пријавуваат влошување на симптомите во зима.
Дополнително, знаеме дека студот ги прави нервните завршетоци многу
почувствителни, што може да ги засили сигналите за болка,“ објаснува д-р Клер
Агату, лекар по општа пракса.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Поплавите во Албанија ја однесоа првата жртва, се излеаја реките (ВИДЕО)

Следно

Мис Јамајка заврши на интензивна по пад од сцената на Мис Универзум (ВИДЕО)

Latest from Blog

ChatGPT воведува нова корисна опција – ќе може да ја користите целосно бесплатно!

OpenAI објави дека групните четови стануваат достапни за сите корисници ширум светот, само една недела по ограниченото тестирање. Новата функција овозможува повеќе корисници заедно да соработуваат во ист разговор со помош на

Поплавите во Албанија ја однесоа првата жртва, се излеаја реките (ВИДЕО)

Жена која вчера исчезна во Девол, бидејќи се сомневаше дека била однесена од надојдените води, е пронајдена мртва. Воените сили работеле на пронаоѓање на телото на 76-годишната Флора Хоџа, која боледувала од

Челзи со гостински триумф кај Барнли

На стартот на денешната Премиер лига програма, тимот на Челзи успеа да слави на гостувањето кај тимот на Барнли од конечни 0:2. Гостите дојдоа во водство во 37. минута со голот на

Божиновска со словачката амбасадорка: Енергетиката во фокусот на соработката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова, на која се разговараше за унапредување на односите меѓу двете земји и отворање
Go toTop