Науката открива: Првиот бакнеж се случил пред повеќе од 20 милиони години

November 20, 2025
1 min read

И праисториските неандерталци веројатно се бакнувале на романтичен начин, според ново истражување. Имено, првиот бакнеж се случил пред најмалку 20 милиони години, објави „Гардијан“.

Новите откритија говорат дури и дека можеби тој вид луѓе разменувале бакнежи и со раните современи луѓе. Не е првпат научниците да претпоставуваат дека неандерталците и раните луѓе имале и „поблиски“ средби. И претходните истражувања покажаа дека двата вида ги делеле истите орални микроорганизми стотици илјади години по нивното раздвојување – што укажува на размена на плунка, смета еволутивниот биолог и автор на научниот труд, Матилда Бриндл од Универзитетот во Оксфорд. Таа вели дека нивното истражување го поддржува наједноставното објаснување – „веројатно се бакнувале“, иако, признава, има неколку теории.

– Претходните обиди за дефинирање (на бакнежот) беа строго антропоцентрични – што вели дека нема бакнежи меѓу други суштества. Сега знаеме дека и другите (видови), веројатно, се бакнувале, само што тоа не изгледало исто како кај луѓето, вели Бриндл.

Ова е потврдено и со генетски испитувања, според коишто луѓето, кои не се од африканско потекло, носат делови од неандерталската ДНК, што укажува на вкрстување на двете раси луѓе. Во труд објавен во списанието „Еволуција и човечко однесување“ (Evolution and Human Behavior), истражувачите прво дефинираат што е бакнеж, на начин што не се заснова само на човековото однесување. Таа дефиниција гласи: Бакнежот е интеракција што вклучува насочен контакт уста на уста меѓу членови на истиот вид, со одредено движење на устата, но без размена на храна.

– Ако е познато дека луѓето се бакнуваат, а ние покажавме дека и неандерталците веројатно го правеле тоа, јасно е дека двата вида веројатно се бакнувале едни со други, заклучи Бриндл.

Комбинирајќи ги податоците со еволутивните односи на живите и изумрените примати, истражувачите заклучуваат дека бакнувањето потекнува од пред 21,5 до 16,9 милиони години кај предците на големите човековидни мајмуни. Местото на неандерталците во тој еволутивен синџир посочува дека тие, веројатно, практикувале бакнување, меѓу себе, ни и со други видови.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судењето за „Онкологија 2“ започна одново

Следно

Стоматолошкиот центар „Д-р Баткоски“ прогласен за еден од најдобрите според The Bizz Award

Latest from Blog

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На
Go toTop