Гвардиола:„Светот ја остави Палестина сама, дозволивме Израел да уништи цел еден народ!“

November 17, 2025
1 min read
фото: Manchester City (X)

Утре ќе се одигра пријателска или ревијална средба меѓу Каталонија и Палестина. Интересот е огромен поради актуелните случувања во Газа, а многу познати фаци од светот на спортот, даваат силна поддршка на напатениот народ на Палестина и се промотори на овој меч.

Покрај останатите тука е Пеп Гвардиола кој и во минатото имал што да каже на оваа тема:

“Тоа е повеќе од симболичен натпревар. Денес сè е познато и со овој конфликт Палестинците ќе видат дека постои дел од светот што мисли на нив. Светот ја остави Палестина сама. Апсолутно ништо не направивме. Не е нивна вина што се родени таму. Сите им дозволивме да уништат цел народ. Штетата е веќе направена и е непоправлива. Не можам да замислам човек на овој свет кој би можел да ги брани масакрите во Газа. Нашите деца би можеле да бидат таму и да бидат убиени само затоа што се родени таму. Имам многу малку доверба во лидерите. Тие прават сè што е потребно за да останат на власт.“ рече покрај другото големиот тренер и големиот хуманист.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Оглас од Општина Битола: Куќарки за храна и пијалаци за периодот 20.12–07.01

Следно

Купила Барбика од 1962. за само 10 долари, се шокирала кога дознала колку вреди (ФОТО)

Latest from Blog

Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“

Здравствените работници и другите јавни службеници добија наредба, наместо со нивните имиња, да ги нарекуваат жените со „Биби“, термин кој традиционално се користи за обраќање кон жените, што може да значи и

Боб Вудворд: Трамп е поопасен од Никсон и закана за целиот свет

Стравот е централна тема на новите мемоари на американскиот новинар Боб Вудворд, познат по неговата истрага за аферата Вотергејт, но и по неговите книги за американските претседатели. Во книгата „Тајни: Мемоари на
Go toTop