Албанија го отвори последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 17, 2025
1 min read

Со тоа, Тирана ја заокружи првата фаза по само 13 месеци преговори. Денеска во Брисел беше отворен кластерот „Ресурси, земјоделство и кохезија“ и пред Албанија, како што рече, премиерот Еди Рама сега е клучниот предизвик да ги затвори сите поглавја во наредните две години.

-Ние ќе направиме сè секогаш да бидеме таму каде што треба да бидеме, водејќи се од планот да ја завршиме оваа прва фаза и да ги заклучиме пристапните преговори во 2027 година. Запрете ме, бидејќи во спротивно нема да престанам да кажувам благодарам, благодарам, благодарам… , изјави Еди Рама, премиер на Албанија.

Албанија го отвори првиот кластер лани во октомври, непосредно откако Брисел одлучи да ја раздвои од преговарачкиот пакет со Македонија, а Тирана ги почна сама преговорите низ кластери. Денешниот ден не е посебен само за Албанија, туку и за ЕУ, рече еврокомесарката Марта Кос, која додаде дека сега Тирана треба да ги продолжи клучните реформи со правосудството, борбата против корупцијата и малцинските права.

-Албанија е најдобар пример за трансформираната моќ на проширувањето. Тоа покажува дека кога ЕУ испорачува, вие напредувате. Вие сте инспирација за многумина на Западен Балкан, за многу граѓани кои сакаат ја истата решителност и промени во нивната земја. Отворањето на сите шест кластери е успех, но нивното затворање е вистинска награда. , изјави Марта Кос, еврокомесарка за проширување.

Слични пораки се очекува да испрати и шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул, кој ја почна 3-дневната турнеја низ земјите од Западен Балкан, а во чии рамки ќе ја посети и Македонија. Тој денеска е во Подгорица, Тирана и Белград, а утре по посетата на Приштина ќе допатува и во Скопје. Од Сараево Вадефул порача дека целта на посетата е да се забрза евроинтеграцијата на регионот, но само доколку тие ги исполнат реформите.

-Едно е сосема јасно. Процесот на пристапување е и ќе биде процес базиран на заслуги. Тоа за земјите од Западен Балкан значи дека мораат да спроведат длабоки, често и многу тешки реформи. Не постои заобиколен или скратен пат. , изјави Јохан Вадефул, министер за надворешни работи на Германија.

Албанија и посебно Црна Гора беа означени како лидери меѓу земјите кандидатки за време на презентирањето на извештаите за напредокот пред две недели. Пофалби добија и Украина и Молдавија, кои се очекува да ги почнат преговорите ако Унгарија одлучи да го тргне ветото кон Киев.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спорот Мбапе – ПСЖ за 55 милиони евра ќе добие друга димензија

Следно

Најавена средба на претставници на Јапонија и Кина со цел смирување на тензиите

Latest from Blog

ЕУ отвора пат за 46 стратешки проекти за критични суровини – каде е Македонија во европската трка за бакар?

Европската Унија дефинираше 46 стратешки проекти за критични суровини, со цел да ги развива различните фази од нивниот синџир на снабдување. Бакарот е меѓу најзастапените суровини во пакетот: 19 проекти го вклучуваат

Општина Битола: Електронско јавно наддавање за закуп на општински простор на Широк Сокак

Предмет на електронското јавно наддавање е давање на деловни простории на ул.„Широк Сокак“ бр.160 Битола, сопственост на Општина Битола.  Увид во урбанистичко планска документација, увид на лице место и увид во сликовен

Трамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку Зеленски

Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан
Go toTop