Радио сигнал од непознат објект пристигна до Земјата: „Знаеме што ни се приближува“

November 13, 2025
1 min read

Научниците потврдија дека меѓуѕвездениот објект 3I/Atlas е природна комета, откако радио сигнал од него беше детектиран со телескопот MeerKAT. Истражувањата продолжуваат за да се следи активноста на OH молекулите

По неколку недели дискусии, теории на заговор и шпекулации на социјалните мрежи, научниците конечно потврдија дека меѓуѕвезданиот објект 3I/Atlas е комета со природно потекло. Најновиот доказ дојде од Јужноафриканската Република, каде телескопот MeerKAT првпат детектира радио сигнал од овој објект.

Но, што всушност значи оваа детекција?

Иако спомнувањето на радио сигнал веднаш буди асоцијации на технолошко потекло, во овој случај станува збор за природна појава. MeerKAT, систем од 64 антени со дијаметар од 13,5 метри, управуван од Јужноафриканската опсерваторија за радиоастрономија, забележал нешто сосема поинакво: „Забележана е OH апсорпција на линиите од 1665 и 1667 MHz“, наведоа истражувачите.

Со други зборови, детектирани се радио линии на апсорпција на хидроксилни радикали (OH молекули) — типичен знак на активност кај комети. Кога кометата се приближува до Сонцето, мразот на нејзината површина се сублимира и ослободува гасови, што доведува до појава на овие карактеристични радио фреквенциски линии. Бидејќи 3I/Atlas бил многу близу до Сонцето, линиите се појавиле во апсорпција, а не во емисија.

OH молекули

OH молекулите се познати по тоа што можат да апсорбираат или емитуваат зрачење на специфични фреквенции и претходно биле забележани и во маглини и региони каде се создаваат нови ѕвезди. Тие им помагаат на астрономите да мапираат области во вселената богати со вода и активни ѕвездени процеси, бидејќи можат да „светат“ во радио фреквенцискиот опсег.

MeerKAT го детектираше сигналот на 24 октомври, пет дена пред кометата да ја достигне својата најблиска точка до Сонцето. Претходните обиди на 20 и 28 септември не дадоа резултати.

Астрофизичарот Ави Лоеб беше меѓу првите кои повикаа на вакви набљудувања: „Пред пет недели ги охрабрив радио-опсерваториите како MeerKAT да побараат радио-емисии од 3I/Atlas, бидејќи насоката на неговиот пристигнување се совпаѓа со насоката од каде во 1977 беше детектиран славниот Wow! сигнал на фреквенција од 1,4204556 GHz“, напиша Лоеб на платформата Medium. „Веднаш потоа бев известен дека 3I/Atlas ќе се следи со радио-телескопи како MeerKAT.“

Сепак, Лоеб признава: „не е забележано никаков радио-сигнал од 3I/Atlas освен OH апсорпцискиот сигнал“. И покрај тоа, смета дека треба да продолжат набљудувањата за да се утврди дали OH емисијата е постојана или повремена, како и да се анализира структурата на опашката на кометата.

Забележете го датумот

Лоеб, кој претходно отворено разгледувал можност за технолошко потекло на објектот, не се откажува од понатамошни истражувања.

„На 16 март 2026 година, 3I/Atlas ќе помине на растојание од 53 милиони километри од Јупитер. Тогаш вселенското летало Juno ќе го користи својот диполен приемник за да бара радио сигнал од 3I/Atlas на ниски фреквенции од 50 Hz до 40 MHz“, напиша тој.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Започна изградбата на нова спортска сала во ООУ „Блаже Конески„

Следно

Гоце Димовски: Има интерес од нови инвеститори за погонот на Аптив

Latest from Blog

Македонија стартува во Б-дивизијата: Ривали Шкотска, Швајцарија и Словенија

Фудбалската репрезентација на Македонија во Брисел ги дозна противниците за новиот циклус од Лигата на нации. За првпат од формирањето на ова натпреварување под капата на УЕФА, нашата селекција ќе се натпреварува

Хоџа: Регионалниот систем за отпад преминува во фаза на имплементација

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа учествуваше на настан организиран од Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Северна Македонија, на тема „Патеки за вештини и

Лејла Кадриу: Ако вистината е навреда, тоа е нивен проблем

Поранешната обвинителка во Специјалното јавно обвинителство, Лејла Кадриу, изјави дека не гледа основ за извинување во врска со нејзините јавни настапи, нагласувајќи дека изнела факти на хронолошки и професионален начин. „Не гледам

Рјабков не исклучи нова воена операција на САД против Иран

„Ситуацијата на Блискиот Исток изгледа алармантно, Американците повторно преместија огромен број ударни системи таму, ден по ден го зголемуваат притисокот, се закануваат со употреба на сила и продолжуваат со обидите за дестабилизација

Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор. На
Go toTop