Вучиќ имал тежок и содржаен разговор со Лајчак – Белград инсистира на формирање на ЗСО  

March 13, 2023
3 mins read

Вучиќ истакнал дека Србија работи одговорно и пристапува кон разговорите со цел да се постигнат компромисни и одржливи решенија неопходни за нормален живот и подобра иднина за сите граѓани, со јасно наведени ограничувања. Разговорот со Лајчак, како што соопшти Вучиќ во објава на Инстаграм, ќе продолжи вечерва и утре

Формирањето на Заедницата на српски општини е предуслов за нормализирање на односите, како и за безбедноста и заштитата на правата на српскиот народ на Косово, истакнал српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната средба со специјалниот претставник на Европската Унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, пренесува РТС. 

Специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, е во дводнвена посета на Белград, откако претходно минатата недела беше во Приштина/Фото: Принтскрин

Вучиќ и Лајчак, кој е во дводнвена посета на Белград, имаа состанок денеска попладне, на кој, како што соопштија од канцеларијата за соработка со медиумите на српскиот претседател, разговарале за европскиот предлог, за формирањето на Заедницата на српски општини и за другите неопходни чекори во насока на нормализирање на односите меѓу Србија и Косово.  

Вучиќ истакнал дека Србија работи одговорно и пристапува кон разговорите со цел да се постигнат компромисни и одржливи решенија неопходни за нормален живот и подобра иднина за сите граѓани, со јасно наведени ограничувања.

Српскиот претседател, во објава на Инстаграм, го оцени состанокот со специјалниот претставник на ЕУ како „тежок и содржаен“ и најави дека ќе продолжи вечерва и утре.  

„Разговорот за Косово и Метохија ќе го продолжиме вечерва и утре“,

напиша Вучиќ. 

Како што беше и најавено, Лајчак е во дводневна посета на Белград откако минатата недела престојуваше во Приштина, каде што разговараше со премиерот на Косово, Албин Курти, како дел од подготовките за средбата меѓу двајцата лидери што треба да се одржи во Охрид на 18 март. 

Специјалниот претставник на ЕУ на 9 март во Приштина рече дека имал конструктивен и многу важен разговор со Курти за спроведувањето на планот за нормализација на односите и додаде дека средбата ги исполнила неговите очекувања и дека „добро разбира“ кои се очекувањата на Косово. 

Словачкиот дипломат по средбата со Курти рече и дека двете страни мора да се договорат за анексот за имплементација бидејќи доколку предлогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија биде прифатен од двете страни, нема да биде правно обврзувачки без него. 

Инаку, како што пишува порталот „Нова“, Лајчак ќе разговара и со претставници на опозицијата во Белград, како што беше случај и во Приштина, за да го слушне нивниот став за предлогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. 

На средбата со Лајчак, според „Нова“, биле поканети лидерите на Партијата за слобода и правда, Демократската партија, Движењето на слободни граѓани, Народната партија, движењето „Да не го давиме Белград“ (Не давимо Београд) и партијата Заедно. 

На 18 март, односно в сабота, Вучиќ и Курти треба да се сретнат во Охрид во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ, а фокусот на средбата, чиј домаќин е Борел, ќе биде финализирањето на анексот за имплементација на предлогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. 

 Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) соопшти дека Борел и Лајчак прво во Охрид ќе имаат одвоени средби со Вучиќ и Курти, а потоа ќе следува заедничка трилатерална средба. 

По средбата на Вучиќ, Курти, Борел и Лајчак во Брисел на 27 февруари, шефот на европската дипломатија изјави дека лидерите на двете страни постигнале согласност за патот кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, но дека се потребни дополнителни преговори за анексот за имплементација, кој е составен дел на европскиот предлог. 

Европскиот предлог, кој исто така е познат и како француско-германски план и ја има поддршката од западните земји, се состои од единаесет точки и има цел да ги реши разликите меѓу двете страни.  

Во него експлицитно не се споменува меѓусебно признавање, но во членот 2 се вели дека страните мора да ги почитуваат независноста, автономијата и територијалниот интегритет, правото на самоопределување, заштитата на човековите права и недискриминацијата.  

Се предвидува посебен аранжман за српската заедница во Косово, гаранции за Српската православна црква и признавање на државните симболи, царинските печати, регистарските таблички и дипломите. 

Извештајот од преговорите меѓу Вучиќ и Курти ќе биде разгледан на состанокот на Европскиот совет на 23 и 24 март. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Венко Андоновски избран за дописен член на МАНУ

Следно

ФБИ: Злосторствата од омраза во САД во 2021 година биле зголемени за 11,6 отсто во однос на претходната 2020 година

Latest from Blog

Баерн му вети безрезервна поддршка на повредениот Мусиала

Извршниот директор на минхенски Баерн Минхен, Макс Еберл, вети целосна поддршка од клубот за германскиот репрезентативец Џамал Мусијала, кој претрпе фрактура на фибулата на левата нога за време на четвртфиналето на Светското

ЦУК: Пожар во Ѓорче, зафатен и дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци – пациентите и персоналот евакуирани

Денес попладне избувна пожар во населбата ГеГе кој се прошири кон населбата Бардовци и зафати дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја. Пожарот

Премиерот е пишман аџија: Нема да има данок за немажени и неженети

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска јавно се извини на сите што ја сфатиле буквално неговата идеја за воведување дополнителен данок за немажени и неженети лица. По завршувањето на седницата

Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, тој е избор на партиската олигархија на ДПМНЕ

Освен секојдневно фотографирање и лажен ПР, Орце Ѓорѓиевски нема ништо реализирано во Кисела Вода. Од неговата програма има реализирано само 20%, со што е убедливо најлошиот градоначалник во Скопје. Доколку Ѓорѓиевски биде

Кањонот Синек во турски Дијарбакир, привлечна дестинација за домашните и странски туристи

СКОПЈЕ (АА) – Со своите природни убавини и бенифитите што ги има по здравјето на луѓето Чермик во југоисточната турска област Шанлиурфа ги пречекува посетителите во сите четири сезони од годината со
Go toTop